Одржани три форуми во заедницата за недостатокот на детски градинки во општина Прилеп

Во периодот ноември-декември 2022 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. организираше три форуми во заедницата каде граѓаните дискутираа за решавање на проблемот со недостатокот на детски градинки во општина Прилеп. Форумите се организираа во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година.

Првиот форум се одржа на 25.11.2022 година, во социјалното претпријатие Клуб ПЕТ, каде учество зедоа родители на деца во предучилишна возраст кои чекаат прием на своите деца (0-5 години) во градинка.

Вториот форум се одржа на 20.12.2022 година во хотел Кристал Палас, а на истиот учествуваа граѓани кои ги засега проблемот со недостигот на капацитети за згрижување на деца во предучилишна возраст. Со оглед на тоа што за време на предизборната кампања беше ветено доизградба на градинката во нас. Точила, изградба на нова градинка во нас. Кузман 2, како и пренамена на дел од просториите во ООУ Кочо Рацин за градинка, граѓаните очекуваа дека ќе биде решен проблемот со недостиг на капацитети за згрижување на деца во предучилишна возраст, но за жал сеуште нема никакви промени.

Третиот форум беше организиран на 22.12.2022 година, во ресторан Дел Посто во Прилеп и на истиот беше презентирана актуелната состојба со детски градинки во општина Прилеп, а граѓаните ги дадоа своите забелешки и коментари за подобрување на состојбата.

Со форумите беа опфатени вкупно 50 граѓани кои ја потенцираа потребата од зголемен граѓански ангажман и учество на граѓаните со цел поттикнување на локалната власт за исполнување на ветеното за време на предизборната кампања.

Заклучоците и препораките кои беа прибрани за време на форумите ќе бидат сумирани и ќе биде креирана Петиција, која во наредниот период ќе ја потпишат граѓаните кои зедоа учество на форумите, но и други засегнати граѓани и ќе биде доставена до Градоначалникот и Советот на Општина Прилеп заради потсетување на предизборните ветувања.


Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.” #ChinMK

Similar Posts

  • Онлајн дискусија: „Еманципацијата и семејното насилство – регулација и пракса“

    “Жените во светот сакаат и заслужуваат еднаква иднина ослободена од стигма, стереотипи и насилство, иднина која е одржлива мирна, со еднакви права и можности за сите. За да се постигне тоа, на светот му требаат жени на секоја маса каде се носат одлуки“. Во организација на Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. и Правна клиника…

  • Прва еко-акција ЗЕЛЕН ПЕТОК: „Мапа на еко-грижи и идеи“

    На 31 октомври 2025 година, на плоштадот Методија Андонов Ченто во Прилеп, ја одржавме првата еко-акција во рамките на иницијативата ЗЕЛЕН ПЕТОК под наслов „Мапа на еко-грижи и идеи“.Настанот се одржа од 11:00 до 13:00 часот и имаше за цел да ја поттикне граѓанската свест и активното учество во подобрувањето на животната средина преку креативен,…

  • Анти-корупцијата во здравството низ призмата на теренската работа

    Во рамки на проектот: „Анти-корупција во здравството и образованието на локално ниво“, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија, на 15.09.2020 година, Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. организираше делење на промотивен материјал од врата – на врата до граѓаните во заедницата презентирајќи ги податоците добиени од истражувањето за анти-корупцијата во здравството. Согласно спроведените индивидуални интервјуа и фокус…

  • Студиска посета во Келн, Германија

    Во периодот 3-7 октомври, Христина Здравеска од нашата организација беше дел од Студиската посета во Келн Германија како дел од Регионалната програма за верски слободи за Западен Балкан на Националниот Демократски Институт. 5-дневната посета започна со Централната џамија во Келн и Форумот Моше. Централната џамија во Келн е објект направен од Турско-исламскиот сојуз за верски…

  • #Зелен Петок 7: Нашата акција, нашата природа, наша одговорност!

    Здружението СТАНИЦА ПЕТ во соработка со ЈКП Комуналец – Прилеп организираше акција за чистење на јавна површина кај Вештачкото езеро – Излетнички ливади. Преку иницијативата „Зелен петок“ поттикнуваме поголема грижа за животната средина, заедничка одговорност и активно учество на граѓаните во зачувувањето на јавните простори. Целта на акцијата беше чистење на јавна површина и подигнување…

  • Школа за родова еднаквост

    Преку едукација и ресурси, создаваме одржливи модели на организирање на заедницата за унапредување на родовата еднаквост во регионот. Во рамки на проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“, во месец декември беше успешно реализирана Школа за родова еднаквост. На школата за родова еднаквост зедоа учество 20 лица од…