СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативни обуки за Борба против корупција

Во изминатиот период, СТАНИЦА П.Е.Т. организираше две едукативни обуки за Борба против корупција на кои граѓаните имаа можност да стекнат знаења поврзани со препознавање и пријавување на корупција и судир на интереси.

 Обуките за препознавање и пријавување на корупција се одржаа во рамките на проектот: „Правна едукација за борба против корупција“, имплементиран од СТАНИЦА П.Е.Т., а е финансиран од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на обуките беше граѓаните да се запознаат со поимот корупција и судирот на интереси како појави и каква е штетата од нив, начинот на регулирање на корупцијата и судирот на интереси во Република Северна Македонија, како и начинот на поднесување на пријава до Државна комисија за спречување на корупција. Првата обука се одржа на 29 октомври во х. Кристал Палас, а втората се спроведе онлајн, на 9 декември – Меѓунaродниот ден за борба против корупција.

На обуките зедоа учество 54 учесници – граѓани на општина Прилеп и околните рурални места, од кои најголем дел беа маргинализирани групи на граѓани кои се сретнале со корупција но имале проблем да ја идентификуваат, а често не знаеле ниту каде да се обратат во таков случај.

Обуките беа во насока на едукација за препознавање на корупцијата и судирот на интереси и начинот на пријавување со тоа што преку овие активности се придонесе кон пошироко отворање на прашањето за корупцијата и важноста и одговорноста кај секој од нас да презема мерки за борба против неа.

Заклучоци од обуките:

  1. вршењето на власта, функцијата, јавните овластувања, службената должност и работите од јавен интерес се јавни и со самото тоа се подложни на контрола од страна на граѓаните и институциите на системот
  2. за корупцијата треба да се зборува гласно, бидејќи таа го засега квалитетот на живот на граѓаните
  3. граѓаните треба да се охрабруваат и да поднесуваат пријави до Државната комисија за спречување на корупција и да ги користат механизмите на системот како би ја оствариле правдата
  4. борбата со корупција никаде не престанала, па нема да престане и во нашата држава, но треба активно да работиме на изнаоѓање механизми за спречување и сузбивање на истата, но и да се делува на свеста на граѓаните за пријавување на корупција
  5. потребно е и институционално и правно зајакнување како на Државната комисија за спречување на корупција, така и на граѓаните за идентификување и пријавување на истата.

Воглавно, проектот: „Правна едукација за борба против корупција“ е насочен кон намалување на корупцијата на локално ниво, зголемена едукација и овозможување на информираност и правна помош на граѓаните, особено од маргинализираните заедници за идентификување и пријавување на случаи на корупција и судир на интереси.

Similar Posts

  • Јавна изложба: „Младите заедно за помирување, толеранција и градење на доверба“

    На ден 14.05.2024 година, беше организирана јавна изложба на уметнички дела од учесниците на дводневната уметничка работилница, на која 22 млади луѓе од различни заедници ги искажаа своите ставови и идеи за тоа што значи за нив помирување и градење мир. Со оваа јавна изложба испративме јасна порака дека уметничкото творештво може да се претстави пред пошироката…

  • Партнерската организација Centar Manjinske Zajednice во посета на Прилеп

    Со цел промоција на меѓурелигискиот и меѓуетничкиот дијалог преку заеднички колективни акции, во периодот 27-28 јули, претставници на партнерската организација Centar Manjinske Zajednice  од Косово беа во студиска посета на Прилеп и нашето здружение. Студиската посета се реализираше во соработка помеѓу NDI Косово и NDI Северна Македонија со цел зголемување на соработката помеѓу „сестринските општини“…

  • Едукативна работилница Сексуално и репродуктивно здравје

    Сите сме слушнале за безбедно сексуално однесување, но некои од нас сеуште ризикуваат! На ден 28.06.2019 година беше спроведена едукативна работилница, во соработка со Ј.З.У “Центар за јавно здравје“-Прилеп и д-р Аксиња Гарбеска- Кебакоска, со цел информирање на младите за повеќе прашања од сексуалното и репродуктивното здравје. На средбата беа присутни 16 лица, во поголем…

  • Собранието итно да избере членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

    Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието на РСМ итно да спроведе постапка за избор на два члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Јавниот оглас беше објавен на 15 февруари и траеше до 15 март 2023. Согласно член 18 став 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата за избор…

  • Промотивен материјал со порака: точна информација за успешно лекување

    Во периодот октомври-ноември, 2022 година, беше подготвен и дистрибуиран промотивен материјал со порака за важноста од споделување на навремени и точни информации со пациентите, како клучен фактор кој води кон успешен процес на лекување и заштита на правата на пациентите.Пораката произлезе од работата на нашите здравствени промотори во заедницата и од актуелизирањето на повеќе случаи…

  • Станица П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп

    СТАНИЦА П.Е.Т. е добитник на награда – плакета 3ти Ноември за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права. На свечената седница на Советот на Општина Прилеп која се одржа во собраниската сала на Општина Прилеп, по повод Денот на ослободувањето на Прилеп 3-ти Ноември, на здруженија и поединци…