СТАНИЦА П.Е.Т. ја зголемува транспарентноста преку објавување на Ревизорски извештај за 2019 година

Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., во соработка со овластена Ревизорска куќа подготви Ревизорски извештај за 2019 година кој има за цел подобрување на организациските практики за транспарентно известување за постигнувањата и резултатите на здружението.

Ревизорскиот извештај беше изработен во текот на месец октомври 2020 година чија главна цел беше да даде насоки за идното дејствување на СТАНИЦА П.Е.Т., но и основа за идна подготовка на вакви извештаи. Во него се опфатени финансиските аспекти на работењето на СТАНИЦА П.Е.Т. за 2019 година и е содржано мислење на овластениот ревизор за финансиското работење на здружението.

Подготовката на ревизорскиот извештај е дел од проектот „Транспарентно делување за отчетно однесување“ чијашто цел е зајакнување на организациските капацитети за јасна и отворена комуникација со засегнатите страни и подобрување на организациските практики за транспарентно известување за постигнувањата и резултатите.

Целосната верзија на ревизорскиот извештај за 2019 година можете да ја најдете на следниот линк. 

Similar Posts

  • „Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“

    Мрежа за заштита од дискриминација и Коалиција Маргини го објавија вториот документ за јавни политики „Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“. Авторка на истражувањето е Александра Цветановска, проектна координаторка и правна советничка од Македонското здружение на млади правници. Уредничка на публикацијата е Билјана Котевска, истражувачка координаторка од Институт…

  • Едукативна работилница Сексуално и репродуктивно здравје

    Сите сме слушнале за безбедно сексуално однесување, но некои од нас сеуште ризикуваат! На ден 28.06.2019 година беше спроведена едукативна работилница, во соработка со Ј.З.У “Центар за јавно здравје“-Прилеп и д-р Аксиња Гарбеска- Кебакоска, со цел информирање на младите за повеќе прашања од сексуалното и репродуктивното здравје. На средбата беа присутни 16 лица, во поголем…

  • Повик за пријавување на учесници на Интер-религиска школа за комуникации

    Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. во рамките на проектот: „Организирање на заедницата за зголемена интер-религиска комуникација и толеранција“, објавува Повик за учесници на Интер-религиската школа за комуникации. Доколку сте претставник на граѓанска организација или религиозна група и сакате да дознаете повеќе за меѓусебната толеранција и комуникација, како и да имате можност креативно…

  • Отворен ден за афирмирање на активни мерки и постоечки можности за поддршка на социјално и бизнис претприемништво

    На 27 февруари, организиравме Отворен ден за афирмирање на активни мерки и постоечки можности за поддршка на социјално и бизнис претприемништво во с. Ропотово, општина Долнени. Овозможувањето на ресурси и можности за пристап до поддршка за развој на социјално и бизнис претприемништво на младите од општина Долнени беше постигнато преку првиот показен отворен ден каде беа присутни…

  • Одржани две трибини за: „Промоција на Законот за бесплатна правна помош“

    Во периодот октомври-декември, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. организираше две трибини за промоција на Законот за бесплатна правна помош. Целта на овие обуки беше запознавање на граѓаните на општина Прилеп со основите на Законот, неговата суштина, видовите на бесплатна правна помош и неговата примена. Воедно, беше промовирана бесплатната правна помош која може да биде…

  • Втора средба и работилница на Советот во заедницата

    На 27.07.2021 година, Советот на заедницата на Станица П.Е.Т. организираше втора средба, на која учество зедоа претставниците на Советот и промоторите во заедницата. Средбата се одржа во Клуб П.Е.Т. – социјално претпријатие во рамки на Здружение Станица П.Е.Т. Активноста е дел од проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во…