Интерна обука за креирање на Комуникациска стратегија

„Комуникацијата и претставувањето во јавноста се клучни за транспарентноста и видливоста на организацијата.“

Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, кој го спроведува Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., на 18.09.2020 година, во просториите на здружението се одржа Интерна обука за креирање на Комуникациска стратегија. Проектот се спроведува во периодот јуни-ноември 2020 година, а е финансиски поддржан од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС). Главна цел на проектот е зајакнување на организациските капацитети за отчетно и транспарентно работење.

Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на персоналот на СТАНИЦА П.Е.Т. за јасна и отворена комуникација со засегнатите страни, а обуката ја водеше Христина Видевска. На обуката присуствуваа 10 учесници. За време на обуката учесниците се запознаа со главните придобивки од подготвувањето на Комуникациската стратегија која ќе придонесе за подигнување на нивото на транспарентност, отчетност и видливост на целите и активностите на здружението, доближување до граѓаните и другите засегнати страни, а посебно до донаторската заедница.

Преку примена на различни методи и техники на работа, учесниците ги дефинираа целите и целните групи на комуникациската стратегија на здружението, направија SWOT анализа, начинот на комуникација со надворешните фактори, како и одговорноста за спроведување на стратегијата, временската рамка и ресурсите со кои располага здружението за реализација на истата.

„Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС)“

Similar Posts

  • Ден на добри дела, за прв пат во Прилеп

    На ден 12.04.2024 година, како дел од Светскиот ден на добри дела 2024, се одржа Креативна акција за цртање на едукативни игри, во подрачното училиште на ООУ „Рампо Левката“ во с. Селце. Активноста се реализираше со поддршка на 20 волонтери ученици од ООУ Рампо Левката и средношколци, кои заеднички цртаа едукативни игри и цртежи во училишниот…

  • Втора средба на мултисекторски тим за спречување и заштита од родово-базирано и семејно насилство

    Во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, на 27 август 2025 година се одржа втората средба на мултисекторскиот тим во организација на Здружение Станица ПЕТ. Целта на оваа средба беше: На средбата се дискутираа конкретни случаи на родово базирано и семејно насилство и беа идентификувани сериозни системски предизвици:…

  • Соопштение

    Мрежата за заштита од дискриминација бара зголемување на Предлог-буџетот за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со што ќе се обезбеди нејзина функционална независност и непречено и сеопфатно функционирање, со цел грижа за маргинализираните граѓани Владата на РСМ на 1 ноември 2021 ја информираше јавноста дека на 30 октомври го усвоила Предлог-буџетот за 2022 година и…

  • ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „ЕКО ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ПРИЛЕП“ ЗА ТРЕТИОТ #ЗЕЛЕНПЕТОК

    Во рамки на иницијативата #ЗеленПеток, се одржа ликовната изложба „Еко перспективи за Прилеп“, како дел од третата по ред месечна акција #ЗеленПеток, посветена на подигнување на еколошката свест и поттикнување активен дијалог во заедницата. Изложбата ги претстави уметничките изработки на млади учесници од Прилеп, создадени за време на едукативна ликовна работилница реализирана во ноември 2025…

  • „Различностите што не поврзуваат“ – изложба на уметнички творби

    На 10 ноември 2022 година, во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше поставена изложба на уметнички творби насловена: „Различностите што не поврзуваат“. Изложбата беше организирана како завршна активност од проектот: „Организирање на заедницата за зголемена меѓу-религиска комуникација и толеранција“, кој во изминатиот период го спроведуваше Здружение Станица П.Е.Т. На изложбата беа претставени 20ина…

  • Одржани три форуми во заедницата за недостатокот на детски градинки во општина Прилеп

    Во периодот ноември-декември 2022 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. организираше три форуми во заедницата каде граѓаните дискутираа за решавање на проблемот со недостатокот на детски градинки во општина Прилеп. Форумите се организираа во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година. Првиот форум…