ЗАШТИТИ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ЕДУКАТИВЕН КАРАВАН!

Правото на здрава животна средина е универзално загарантирано право на секој човек. Сепак, сведоци сме на неизбежни климатски промени кои се случуваат глобално како последица на непоправливите нарушувања и штети кои се направени врз животната средина. Но, како и за многу други нарушувања во балансот, ниту последиците од климатските промени нема да ги сносат сите граѓани подеднакво. Оттука, потребно е посебен фокус да се стави на климатската правда, која гледа на климатската криза низ призмата на човековите права и на верувањето дека со заедничка работа можеме да создадеме подобра иднина за сегашните и идните генерации.

Едни од најмаргинализираните групи на граѓани кои живеат во нашата држава, а особено во Пелагонискиот регион се Ромите и лицата од руралните средини. Бројни фактори низ годините придонеле овие граѓани да бидат и најизложени на ризиците од климатските промени, а од друга страна да бидат најмалку во можност да се изборат за климатска правда.

За таа цел, СТАНИЦА П.Е.Т. во период од 20 – 24 декември 2021 година реализираше 5 (пет) дневен едукативен караван со граѓаните и институциите под наслов „Заштити ја животната средина“ во Општина Кривогаштани (с.Обршани, с.Воѓани и с.Кривогаштани) и Општина Прилеп (нас.Тризла и во центарот на градот), со цел споделување информации и промотивни материјали со граѓаните и институциите од двете општини заради истакнување на важноста од одржување на здрава животна средина.

Преку едукативниот караван и дистрибуцијата на промотивниот материјал беа опфатени околу 500 граѓани од двете општини и се нагласи потребата и важноста од одржување на животната средина, преземање на акции за безбедна и здрава животна средина, како и важноста од зачувување на животната средина, преку заеднички напори кои генерираат заеднички бенефит.

*Едукативниот караван е дел од проектот: „Климатска правда за маргинализираните граѓани“, кој го имплементира Здружението СТАНИЦА П.Е.Т. со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија во насока на овозможување на пристап до климатска правда за граѓани од маргинализирани заедници.

Similar Posts

  • Јавен оглас за ангажирање на советник за поддршка и информирање

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се реализира со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на советник за поддршка и информирање Општи информации за Проектот Проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“ е насочен…

  • Учество на промотивен настан за следење на изборните ветувања

    На 31 октомври, во организација на Strategic Management Systems – SMS во Битола се одржа промотивен настан „Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања – искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации“. На настанот свое излагање имаше Маја Петанческа, проектен координатор во СТАНИЦА ПЕТ која го презентираше искуството од мониторингот на…

  • Големите победи на обичниот човек – успешни приказни од нашата работа

    Во рамки на нашата секојдневна правна и праправна асистенција, освен што решаваме редовни правни и административни проблеми со кои се соочуваат граѓаните, наидуваме и на исклучително комплексни случаи, каде граѓаните со години биле заглавени низ институционалните лавиринти, без можност да ги остварат своите права. Правдата иако понекогаш знае да биде бавна, сепак не е недостижна….

  • „Од едукација до акција: Поставен првиот систем за колективно компостирање во село Ропотово“

    Во рамки на нашите активности за зајакнување на локалните капацитети за одржливо управување со отпадот, успешно реализиравме тридневна обука за компостирање со вработените од Јавното комунално претпријатие Долнени. Работилниците беа одржани на 03.04.2025, 15.04.2025 и 06.05.2025 година во с. Ропотово, која резултираше со воспоставување систем за собирање и преработка на органски отпад на локално ниво….

  • Студиска посета на Прилеп од претставници на граѓански организации од Плевља, Црна Гора

    Во периодот 23-25 септември СТАНИЦА ПЕТ беше домаќин на претставници од граѓански организации од Плевља, Црна Гора во рамки на проектот “Промовирање инклузија и толеранција преку меѓурелигиска соработка во Западен Балкан” спроведуван од Националниот Демократски Институт (НДИ). Студиската посета имаше за цел размена на знаења и искуства за промовирање на верски слободи, меѓуверски и меѓуетнички…

  • Интерна обука за зајакнување на капацитетите на тимот за обезбедување психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на насилство

    Во рамки на нашите континуирани напори за обезбедување квалитетна и стандардизирана психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на насилство, во периодот 13-15 август 2025, во просториите на Здружение СТАНИЦА ПЕТ се одржа Интерна тридневна обука за нашиот тим. Обуката беше насочена кон унапредување на знаењата и вештините на професионалците кои секојдневно работат со жртви…