ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на експерт за спроведување на oбука на локални активисти – еко амбасадори

Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ за потребите од спроведувањето на проектот: „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на експерт за спроведување на oбука на локални активисти – еко амбасадори

  1. За проектот:

    Општа цел: Зголемување на граѓанското учество во процесите на заштита на животната средина преку развој на активизам во заедниците и подобрување на транспарентноста и комуникацијата со властите.

    • Краткорочна цел 1: Поттикнување и развој на еколошкиот активизам во локалните заедници преку едукација и ангажирање на граѓаните.
    • Краткорочна цел 2: Зајакнување на двонасочната комуникација помеѓу граѓаните и властите преку дигитални и интерактивни алатки.
    • Краткорочна цел 3: Подобрување на транспарентноста на властите преку достапност на информации за јавните расходи и активности за заштита на животната средина.
    1. Предмет на активноста на овој повик:

    Целта на овој повик е избор и ангажирање на еден експерт за спроведување на тридневна обука за локални активисти – еко амбасадори за мониторинг и комуникација со локалните власти, кои ќе служат како посредници меѓу граѓаните и локалната власт.

    Обуката треба да се реализира преку интерактивни сесии, симулации и работа на реални примери со што ќе обезбеди практични знаења и вештини за:

    • граѓанско застапување и комуникација со локалната власт,
    • разбирање на локалните и националните еколошки политики,
    • организирање јавни акции и информирање на граѓаните,
    • ефективно посредување помеѓу потребите на заедницата и одлуките на локалната власт.
    1. Работни задачи и производ од ангажманот:
    • Подготовка на детален план и агенда за тридневната обука,
    • Разработка на работни материјали, презентации и примери,
    • Реализација на обуката преку интерактивни методи,
    • Изготвување на финален извештај по завршувањето на обуката.
    1. Профил и потребни квалификации:

    Право на пријавување имаат сите физички лица кои:

    • имаат високо образование во област поврзана со екологија, јавна администрација, општествени науки или сродна област,
    • имаат најмалку 3 години искуство во одржување обуки, тренинзи или работилници,
    • имаат релевантно знаење за локалниот и националниот контекст на животната средина и јавните политики,
    • поседуваат одлични комуникациски и фасилитаторски вештини.

    👉 Посебно ги охрабруваме експертите со искуство во граѓанско застапување и работа со заедници да се пријават.

    1. Потребни документи за пријавување, рок и начин на поднесување:
    • Кратка биографија (CV),
    • Предлог-детален план и агенда за тридневната обука
    • Финансиска понуда за спроведување на тридневна обука од кои избраниот експерт ќе има ангажман од 3 (три) ден за реализација. Максималната цена за еден експертски ден е 3.000 денари или вкупно за три дена е 9.000 денари, бруто износ.

    *Датумите за спроведување на тридневната обука ќе бидат договорени во координација со проектниот тим и избраниот експерт. Локацијата за одржување на обуката е канцеларијата на Здружение СТАНИЦА ПЕТ во Прилеп.

    Целосната документација да ја доставите во електронска форма на е-маил: [email protected], најдоцна до 25.09.2025 година до 16:00 часот, со назнака: „Пријава за експерт-Еко иницијатива“.

    1. Евалуација на кандидатите:

    Кандидатите ќе бидат оценувани од страна на стручна комисија на Здружение СТАНИЦА ПЕТ според принципот „најдобра експертиза и понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.

    Критериуми и тежина на бодови:

    • Кратка биографија (CV) – 20 бода
      • Соодветност на образованието и квалификациите со потребите на проектот.
      • Јасно презентирано искуство во областа на екологија, граѓанско застапување и обуки.
    • Претходно искуство во одржување обуки, тренинзи или работилници – 25 бода
      • Доказ за реализација на слични обуки или активности со локални заедници.
      • Искористување на интерактивни методи и практични примери.
    • Предлог план и агенда за тридневната обука – 25 бода
      • Квалитет на предложената структура, содржина и активности.
      • Примена на интерактивни методи и симулации.
    • Финансиска понуда за реализација на обуката – 30 бода
      • Соодветност на понудениот надомест со проектниот буџет и очекуваната вредност.

    Вкупно: 100 бода

    Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката по завршувањето на евалуацијата.

    За дополнителни информации обратете се на: 076/278-753

    Similar Posts

    • Тркалезна маса за спречување на насилството врз жени и девојчиња

      Насилството врз жените не може да се искорени додека постојат нееднаква распределба на моќ и нееднакви можности за сите. На 24ти февруари, во нашето здружение се одржа тркалезна маса – дискусија за важноста на родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња. За време на дискусијата која беше организирана од  Националната мрежа против…

    • СТОП за труењето! – еколошка правда за граѓаните на Прилеп

      Правото на здрава и безбедна животна средина е неприкосновено и никој не смее да го загрозува за било каков интерес, најмалку бизнис или политички! Како здружение кое работи на заштита и унапредување на правата на граѓаните за безбедна и здрава животна средина, Станица ПЕТ на 12.09.2023 година поднесе пријава до повеќе институции за досегашното непостапување…

    • Претставници на СТАНИЦА П.Е.Т. зедоа учество на практична програма за правно зајакнување

      Во периодот 23-30 ноември, четворица претставници на СТАНИЦА П.Е.Т. зедоа учество на Практичната програма за правно зајакнување, во организација на Украинската практична школа за пристап до правда. Во рамки на оваа програма заедно со уште 4 други тимови од Полска/Украина, Киргистан, Кенија и Северна Македонија се развиваа идеи за воведување на иновативни решенија во работата на…

    • Доставена е Петиција за отворање на нови градинки до Општина Прилеп

      На 28.02.2023 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. ја достави Петицијата со барање до Градоначалникот и Советот на Општина Прилеп за исполнување на ветените активности за изградба/доградба и пуштање во употреба на новите капацитети за предучилишна возраст. Петицијата беше подготвена во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во…

    • Едукативна работилница Сексуално и репродуктивно здравје

      Сите сме слушнале за безбедно сексуално однесување, но некои од нас сеуште ризикуваат! На ден 28.06.2019 година беше спроведена едукативна работилница, во соработка со Ј.З.У “Центар за јавно здравје“-Прилеп и д-р Аксиња Гарбеска- Кебакоска, со цел информирање на младите за повеќе прашања од сексуалното и репродуктивното здравје. На средбата беа присутни 16 лица, во поголем…

    • Јавен оглас за ангажирање на советник за поддршка и информирање

      Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се реализира со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на советник за поддршка и информирање Општи информации за Проектот Проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“ е насочен…