Креативна акција: „Пинокио во градинка, децата дома“

Денес се одржа Креативна акција: „Пинокио во градинка, децата дома“, во која јунаците од приказните  и цртаните филмови помагаат на прилепчани во нивните напори да проработи градинката во населбата Точила.  Креативната акција беше поставена пред градинката во населба Точила, која сеуште „чека“ на свечен прием и отворање.

Преку овој настан, на кој во вид на изложба се појавуваат Пинокио и неколку ликови од цртаните филмови и приказните, сакаме уште еднаш да алармираме на енормното доцнење и калкулирање со отворањето на градинката во населбата Точила која треба да прими околу 250 деца и да го реши проблемот на немањето место во градинките во овој дел од градот, но за жал не се знае кога ќе проработи. Идејата на оваа креативна акција е да ја алармира локалната, но и целата јавност во С. Македонија за недостатокот на јавни установи за згрижување на деца  во Прилеп. Она што е особено важно е дека оваа градинка е особено важна за граѓаните од ранливите категории и семејствата со минимални примања, бидејќи тие не можат да си дозволат приватни установи за сместување на децата, а неможноста истите да бидат примени во друга јавна установа за згрижување деца ги ограничува родителите во обезбедувањето работни ангажмани, а со тоа и егзистенција на семејствата.

Преку оваа акција во која Пинокио всушност не лаже туку ја кажува вистината, сакаме да потсетме дека во многу наврати досега беше ветено довршување на изградбата и пуштање во употреба на градинката во населба Точила, чија изградба започна во април 2021 година со ветување дека ќе почне со работа во 2022. За жал веќе сме на половина од 2024 година, а градинката иако е изградена и според кажувањата завршени се сите ентериерни работи се уште не е пуштена во употреба, при што нема официјална потврда ни дека од оваа есен децата ќе можат да тргнат во оваа градинка. Се надеваме дека овој настан, граѓанската  и медиумската поддршка ќе го забрза решавањето на овој горлив проблем на повеќе од 200 деца и семејства од Прилеп.


*Настанот и акцијата се поддршка на групата Урбани уметнички акции за здружението на граѓани Станица П.Е.Т  и жителите на населбата Точила и градот Прилеп. По завршувањето на настанот елементите и делата ќе бидат подарени на градинката за да ги украсуваат нејзините ѕидови и училници и да ги радуваат децата кога истата ќе биде отворена – што се надеваме дека ќе биде во блиска иднина.

Similar Posts

  • Доставена е Петиција за отворање на нови градинки до Општина Прилеп

    На 28.02.2023 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. ја достави Петицијата со барање до Градоначалникот и Советот на Општина Прилеп за исполнување на ветените активности за изградба/доградба и пуштање во употреба на новите капацитети за предучилишна возраст. Петицијата беше подготвена во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во…

  • Студиска посета во Келн, Германија

    Во периодот 3-7 октомври, Христина Здравеска од нашата организација беше дел од Студиската посета во Келн Германија како дел од Регионалната програма за верски слободи за Западен Балкан на Националниот Демократски Институт. 5-дневната посета започна со Централната џамија во Келн и Форумот Моше. Централната џамија во Келн е објект направен од Турско-исламскиот сојуз за верски…

  • Креативна акција: „Информирај се, Пријави се и Вакцинирај се!“

    Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. од Прилеп, заедно со партнерските организации и тоа: Здружение за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје), Национален Ромски Центар (Куманово), ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците од Скопје, Центарот за современи уметности од Скопје и Фондацијата Отворено општество – Македонија, во…

  • Реакција: Уставниот суд да го направи првиот чекор кон овозможување на правда за депонентите на Еуростандард банка

    Подносителите на оваа реакција како здруженија кои се или соработуваат со правни лица оштетени од одземањето на дозволата за работа на ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје од страна на Народната банка на РСМ, на ден 12.08.2020, се само дел од бројните граѓани и фирми чии средства останаа заглавени во, сега веќе, стечајната маса на оваа Банка….

  • Одржани три форуми во заедницата за недостатокот на детски градинки во општина Прилеп

    Во периодот ноември-декември 2022 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. организираше три форуми во заедницата каде граѓаните дискутираа за решавање на проблемот со недостатокот на детски градинки во општина Прилеп. Форумите се организираа во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година. Првиот форум…

  • Тркалезна маса за спречување на насилството врз жени и девојчиња

    Насилството врз жените не може да се искорени додека постојат нееднаква распределба на моќ и нееднакви можности за сите. На 24ти февруари, во нашето здружение се одржа тркалезна маса – дискусија за важноста на родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња. За време на дискусијата која беше организирана од  Националната мрежа против…