Со магарето Марко на патот кон забрзаниот развој!

На 19 јуни 2023 година, свечено ја промовиравме редовната шпедитерска линија Прилеп-Липов Дол-Витолиште, со која жителите од мариовскиот регион конечно ќе имаат редовен превоз до и од Прилеп. Се стигнува за само 8 часа, а билет плаќа кој колку има! Најеколошка и засега единствена опција за организиран јавен превоз до овие места.

Со оваа креативна акција на сатиричен начин укажавме на неможноста жителите од мариовските села да ги остварат своите основни секојдневни потреби како што се купување намирници, здравствени и други јавни услуги, банкарски услуги, вадење на документи, а сето тоа поради недостатокот од јавен превоз на кој со години апелираат. Нецелосната санација на патот, на кој во некои делови се чини дека единствено шпедитер може да помине, дополнително ја влошува ситуацијата.

Наместо преземање на мерки за заживување на овој живописен регион, промоција на алтернативен туризам и органско производство на храна, се чини дека централните и локалните власти единствено чекаат овие места целосно да изумрат.

* НАПОМЕНА: Акцијата беше симболична, а шпедитерската линија, возниот ред и билетите се фиктивни и истите нема во реалност да се практикуваат и користат. При реализација на акцијата не е применето никакво дејство на нехуман третман спрема вклучените животни.

Similar Posts

  • СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита

    Во изминатиот период, здравствените промотори на Станица П.Е.Т. посетија околу 100 граѓани и семејства од општина Прилеп и мариовскиот регион, општина Кривогаштани и општина Долнени на кои преку делење на промотивен материјал – торби и заштитни маски, им ја претставија услугата „Прашај здравствен промотор“ и ги едуцираа како правилно да користат маски за заштита од Ковид-19. Во рамките…

  • Мобилни правни денови – правна поддршка поблиску до граѓаните

    Во периодот од јуни до септември 2026 година, Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ реализираше четири мобилни правни денови во општините Долнени, Прилеп и Кривогаштани, преку кои 82 граѓани добија бесплатни правни совети, информации и насочување кон надлежните институции за полесно остварување на своите права. Мобилните правни денови се дел од нашите заложби…

  • ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на експерт за спроведување на oбука на локални активисти – еко амбасадори

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ за потребите од спроведувањето на проектот: „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за…

  • Повик за анкетари

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Интерсекциска дискриминација во Северна Македонија“  поддржан од Цивика Мобилитас, објавува: ПОВИК за ангажирање на пет (5) анкетари за спроведување на базичен комбиниран прашалник за познавањето на новите одредби и придобивки од Законот за заштита од дискриминација и работата/очекувањата од Комисијата за заштита од…

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на Ко-автор за подготовка на локален извештај

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК  за избор на Ко-автор за подготовка на локален извештај Овој повик има за цел избор на стручно лице, ко-автор за подготовка на локален извештај за состојбата со родово базирано…

  • Тркалезна маса за спречување на насилството врз жени и девојчиња

    Насилството врз жените не може да се искорени додека постојат нееднаква распределба на моќ и нееднакви можности за сите. На 24ти февруари, во нашето здружение се одржа тркалезна маса – дискусија за важноста на родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња. За време на дискусијата која беше организирана од  Националната мрежа против…