Креативна акција: „Градот и трите градинки“

На 01.04.2023 година, организирана беше Креативна акција која на еден иновативен начин имаше за цел да ги потсети надлежните за дадените предизборни ветувања за решавање на проблемот со детските градинки во општина Прилеп. Акцијата се реализираше во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година.

На настанот активисти на Станица П.Е.Т. со креативен перформанс ја промовираа Приказната за „Градот и трите градинки“ која всушност е краток есеј во кој на раскажувачки и сатиричен начин се опишува проблемот со недоволните капацитети за згрижување на децата од предучилишна возраст во Прилеп. Главната цел на настанот е да се потсети локалната власт дека во предизборната кампања беше ветено довршување на изградбата на градинката во населба Точила, изградба на нова градинка во населбата Кузман 2, како и пренемена на дел од ООУ „Кочо Рацин“ во детска градинка и со овие три активности требаше да се реши проблемот со недостатокот на капацитети за згрижување за децата кои живеат во урбаните средини на Општина Прилеп. Акцијата ја посетија околу 40ина граѓани, кои истакнаа дека: „потребно е поголемо учество на граѓаните со цел исполнување на предизборните ветувања и што поскоро пуштање во употреба на новите градинки“ – кажа Златко Шапкоски, родител. Воедно, Гордана Христовска рече: „треба да се исполнуваат предизборните ветувања и граѓаните да го добијат тоа што им било ветено, во случајов три нови детски градинки со кои ќе се влијае на квалитетот на целокупниот предучилишен образовен процес кај децата“. 

Креативната акција беше поделена во 3 дела: 1. Лепење на постери во близина на локациите каде биле предвидени детските градинки со содржина: “Се бара“, но се бара градинката и е понудена награда во биткоини за сите оние кои ќе дадат информации за непостоечките градинки; 2. Поставени се патоказни табли со натпис  – Детска градинка кои покажуваат насока кон неизградените градинки, а кои имаат за цел да дадат лажна перцепција дека градинките постојат. Следејќи ги патоказите граѓаните можеа да дојдат до самото место каде што ги дочекаа билборди со неостварени ветувања, кои на малку сатиричен начин ги претставуваат фактите и ветувањата дадени за градинките. и 3. Приказна за „Градот и трите градинки“ – која беше промовирана на просторот каде што сеуште стои недоизградената градинка, па со сечење на црвена лента, конфети и балони беше “фиктивно“ отворена детската градинка во населба Точила.

Целта на настанот беше да се алармира локалната, но и целата јавност за недостатокот на јавни установи за згрижување на деца кое го погодува целокупното население во Прилеп и околината, но особено граѓаните од ранливите категории и семејствата со минимални примања.  

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.” #ChinMK

Similar Posts

  • ЈАВЕН ПОВИК – За ангажирање на еден (1) експерт за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Интерсекциска дискриминација во Северна Македонија“  поддржан од Цивика Мобилитас, објавува: ЈАВЕН ПОВИК За ангажирање на еден (1) експерт/ка за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици Општи информации за Проектот             Хелсиншкиот комитет заедно со ХОПС – Опции за здрав живот…

  • Ова не е честитка за 8 Март – ова е повик за одговорност

    По повод 8 Март, ја објавуваме пораката „Ова не е честитка за 8ми Март“! Целта е да потсетиме дека зад симболиката на овој ден стои реалност со која многу жени сè уште се соочуваат – насилство, институционална незаинтересираност и системски пропусти. Овој дигитален материјал не е порака на одбележување, туку на аларм. Тој е потсетник…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита

    Во изминатиот период, здравствените промотори на Станица П.Е.Т. посетија околу 100 граѓани и семејства од општина Прилеп и мариовскиот регион, општина Кривогаштани и општина Долнени на кои преку делење на промотивен материјал – торби и заштитни маски, им ја претставија услугата „Прашај здравствен промотор“ и ги едуцираа како правилно да користат маски за заштита од Ковид-19. Во рамките…

  • Работилница за PhotoVoice

    Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп на 01.07.2021 година во рамките на проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“, спроведе работилница за подготовка на PhotoVoice. Целта на проектот е унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската…

  • НОСИ МАСКА, МИЈ РАЦЕ И ДРЖИ 2 МЕТРИ РАСТОЈАНИЕ!

    Дел од мерките се олабавија, но она што се случува деновиве со бројот на заболени ни покажува дека НИЕ НЕ СМЕЕМЕ ДА СЕ ОЛАБАВИМЕ! Во текот на изминатата недела нашите Промотори во заедницата остварија околу 120 индивидуални посети во различни населби во Прилеп и околината, каде поделија маски, средства за лична хигиена и симболично метро,…

  • Заштита на правата на пациентите – обука за здравствените промотори во заедницата

    На ден 21.07.2022 во прсториите на КЛУБ ПЕТ се одржа обука за зајакнување на капацитетите на здравствените промотори и параправници на здружението која беше посветена на заштитата на правата на пациентите, препознавање и навремено реагирање во случај на идентификувани злоупотреби. Темата за обуката беше избрана како резултат на актуелните случувања во областа здравство, односно истражувачката…