Одржани три форуми во заедницата за недостатокот на детски градинки во општина Прилеп

Во периодот ноември-декември 2022 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. организираше три форуми во заедницата каде граѓаните дискутираа за решавање на проблемот со недостатокот на детски градинки во општина Прилеп. Форумите се организираа во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година.

Првиот форум се одржа на 25.11.2022 година, во социјалното претпријатие Клуб ПЕТ, каде учество зедоа родители на деца во предучилишна возраст кои чекаат прием на своите деца (0-5 години) во градинка.

Вториот форум се одржа на 20.12.2022 година во хотел Кристал Палас, а на истиот учествуваа граѓани кои ги засега проблемот со недостигот на капацитети за згрижување на деца во предучилишна возраст. Со оглед на тоа што за време на предизборната кампања беше ветено доизградба на градинката во нас. Точила, изградба на нова градинка во нас. Кузман 2, како и пренамена на дел од просториите во ООУ Кочо Рацин за градинка, граѓаните очекуваа дека ќе биде решен проблемот со недостиг на капацитети за згрижување на деца во предучилишна возраст, но за жал сеуште нема никакви промени.

Третиот форум беше организиран на 22.12.2022 година, во ресторан Дел Посто во Прилеп и на истиот беше презентирана актуелната состојба со детски градинки во општина Прилеп, а граѓаните ги дадоа своите забелешки и коментари за подобрување на состојбата.

Со форумите беа опфатени вкупно 50 граѓани кои ја потенцираа потребата од зголемен граѓански ангажман и учество на граѓаните со цел поттикнување на локалната власт за исполнување на ветеното за време на предизборната кампања.

Заклучоците и препораките кои беа прибрани за време на форумите ќе бидат сумирани и ќе биде креирана Петиција, која во наредниот период ќе ја потпишат граѓаните кои зедоа учество на форумите, но и други засегнати граѓани и ќе биде доставена до Градоначалникот и Советот на Општина Прилеп заради потсетување на предизборните ветувања.


Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.” #ChinMK

Similar Posts

  • Јавна дискусија: „Анти-корупција во здравството низ призмата на теренската работа“

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. од Прилеп на 27.10.2020 година, во х. Кристал Палас организираше јавна дискусија во рамките на проектот: „Анти-корупција во здравството низ призмата на теренската работа“, кој се спроведува во периодот ноември 2019 – октомври 2020 година, а главната цел е сензибилизирање на јавните здравствени установи за поголема отчетност и…

  • Собранието го сокри огласот за Народен правобранител од јавноста! Бараме Собранието да го поништи и повторно да го објави огласот на транспарентен начин!

    Собранието на РСМ на крајно нетранспарентен и малициозен начин ја започна постапката за именување нов Народен правобранител. На 22-та пленарна седница, одржана на 26.11.2020 година, Собранието изгласало Одлука за распишување на оглас за избор на Народен правобранител. Имајќи ги предвид јавниот интерес за избор на првиот човек на најголемата национална институција за човекови права, како…

  • Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош

    Во изминатиот период, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. од Прилеп подготви Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош (Прилеп – Мариовски регион, Кривогаштани и Долнени). Од истражувањето произлезе инфографик каде се сумирани собраните податоци од граѓаните кои наголемо ја истакнуваат потребата од воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош во општините…

  • Теренска акција: „Сите жртви на родово-базирано насилство не изгледаат исто!“

    На 11 декември 2023 година, активистите на Станица ПЕТ организираа теренска акција во центарот на Прилеп, со цел делење на промотивен материјал за подигнување на јавната свест и поттикнување на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базирано насилство. Како заокружување на кампањата „16 дена активизам против родово-базирано насилство“, активистите разговараа со граѓаните…

  • Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион

    На 25.11.2021 година, Клуб П.Е.Т. зеде учество на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион. За време на саемот на кој се претставија социјални претпријатија од Пелагонискиот регион, Клуб П.Е.Т. ја промовираше својата економска активност која има социјална мисија. Саемот се одржа во фоајето на Народен театар – Битола, а активноста беше организирана во рамки на…

  • Едукативни работилници: Правата имаат вредност тогаш кога знаеме како да ги оствариме

    Информиран граѓанин е чекор поблиску до остварувањето на своите права. На 23 и 24 септември 2026 година одржавме две едукативни работилници посветени на правата на граѓаните и практичните административни процедури за нивно остварување. Работилниците беа насочени кон тоа учесниците да стекнат практични знаења и сигурност во постапувањето пред институциите. Преку конкретни примери и практични насоки,…