Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион

На 25.11.2021 година, Клуб П.Е.Т. зеде учество на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион. За време на саемот на кој се претставија социјални претпријатија од Пелагонискиот регион, Клуб П.Е.Т. ја промовираше својата економска активност која има социјална мисија.

Саемот се одржа во фоајето на Народен театар – Битола, а активноста беше организирана во рамки на проектот Support to Social Enterprises – Поддршка на социјалните претпријатија. На настанот беа презентирани и огромните можности за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија преку обезбедување на финансиска, менторска и друга поддршка од различни засегнати страни.

За време на настанот свои обраќања имаа и Г. Драган Дамјановски – претседател на Фондацијата за поддршка на претприемништвото и прекугранична соработка и Регионалната канцеларија за поддршка на социјалното претприемништво во Пелагониски регион, Г-ѓа Барбара Садовск, тим лидерка на проектот: „Поддршка на социјалните претпријатија“, организатор на саемот и претседателка и ко-основач на Фондација „Барка“ од Полска, како и претставници на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион кои ги претставија своите успешни приказни. Настанот продолжи со посета на изложбените штандови при што беа разменети идеи и искуства од учесниците. На крајот се одржа round-table дискусија за презентација на потенцијалните можности за раст на најиновативните социјални претпријатија во регионот, при што активно учество зедоа претставници од социјалните претпријатија кои дискутираа за можностите за развој, но и пречките и предизвиците со кои се соочуваат при секојдневната работа.

Во насока на ова, Клуб П.Е.Т. ја промовираше и својата економска активност пред различните чинители при што беа презентирани целите, визијата и мисијата на социјалното претпријатие, кое започна со работа на почетокот на оваа година. Клуб П.Е.Т. нуди опремен простор во центарот на градот со капацитет до 30 лица, издавање на простор за организација на настани (семинари, обуки, работилници, конференции, трибини), пакет услуги со храна и пијалоци, како и издавање на простор за индивидуална работа со обезбедена опрема и покриени режиски трошоци. Главната социјална цел на Клуб П.Е.Т. е поддршка и унапредување на правната помош за маргинализираните заедници.

Similar Posts

  • ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА „ЕКО ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ПРИЛЕП“ ЗА ВТОРИОТ #ЗЕЛЕНПЕТОК

    Го одбележавме вториот #зеленпеток со ликовна работилница за млади на возраст од 15 до 29 години, под наслов „Еко перспективи за Прилеп“. Работилницата се одржа во нашата канцеларија и собра креативни млади учесници кои преку уметност ја изразија својата визија за почиста и позелена заедница. На настанот учествуваа околу триесет млади, секој со своја автентична…

  • Големите победи на обичниот човек – успешни приказни од нашата работа

    Во рамки на нашата секојдневна правна и праправна асистенција, освен што решаваме редовни правни и административни проблеми со кои се соочуваат граѓаните, наидуваме и на исклучително комплексни случаи, каде граѓаните со години биле заглавени низ институционалните лавиринти, без можност да ги остварат своите права. Правдата иако понекогаш знае да биде бавна, сепак не е недостижна….

  • Доставена е Петиција за отворање на нови градинки до Општина Прилеп

    На 28.02.2023 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. ја достави Петицијата со барање до Градоначалникот и Советот на Општина Прилеп за исполнување на ветените активности за изградба/доградба и пуштање во употреба на новите капацитети за предучилишна возраст. Петицијата беше подготвена во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во…

  • Едукативен караван „Правдата не е привилегија“

    „Граѓаните имаат потреба да се консултираат и побараат совет за нивните права од социјална заштита, лична документација, здравствена заштита, и тие имаат право тоа да го добијат во нивната заедница, затоа што #Правдата не е привилегија“. Едукативниот караван „Правдата не е привилегија“ во изминатиот период патуваше низ 10 населени места од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени,…

  • Јавна дискусија: „Анти-корупција во здравството низ призмата на теренската работа“

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. од Прилеп на 27.10.2020 година, во х. Кристал Палас организираше јавна дискусија во рамките на проектот: „Анти-корупција во здравството низ призмата на теренската работа“, кој се спроведува во периодот ноември 2019 – октомври 2020 година, а главната цел е сензибилизирање на јавните здравствени установи за поголема отчетност и…

  • Прва фокус група

    На ден 26.11.2021 во просториите на Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. се одржа првата фокус група со жени од Ромската заедница. На фокус групата се разговараше за причините и одговорот на надлежните институции во заштитата на правата на оваа категорија на граѓани во полето на дискриминацијата со посебен акцент на интерсекциската дискриминација.   ——————————————————————————————————– Активноста е дел од Проектот: „Интерсекциска дискриминација во  Северна…