Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион

На 25.11.2021 година, Клуб П.Е.Т. зеде учество на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион. За време на саемот на кој се претставија социјални претпријатија од Пелагонискиот регион, Клуб П.Е.Т. ја промовираше својата економска активност која има социјална мисија.

Саемот се одржа во фоајето на Народен театар – Битола, а активноста беше организирана во рамки на проектот Support to Social Enterprises – Поддршка на социјалните претпријатија. На настанот беа презентирани и огромните можности за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија преку обезбедување на финансиска, менторска и друга поддршка од различни засегнати страни.

За време на настанот свои обраќања имаа и Г. Драган Дамјановски – претседател на Фондацијата за поддршка на претприемништвото и прекугранична соработка и Регионалната канцеларија за поддршка на социјалното претприемништво во Пелагониски регион, Г-ѓа Барбара Садовск, тим лидерка на проектот: „Поддршка на социјалните претпријатија“, организатор на саемот и претседателка и ко-основач на Фондација „Барка“ од Полска, како и претставници на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион кои ги претставија своите успешни приказни. Настанот продолжи со посета на изложбените штандови при што беа разменети идеи и искуства од учесниците. На крајот се одржа round-table дискусија за презентација на потенцијалните можности за раст на најиновативните социјални претпријатија во регионот, при што активно учество зедоа претставници од социјалните претпријатија кои дискутираа за можностите за развој, но и пречките и предизвиците со кои се соочуваат при секојдневната работа.

Во насока на ова, Клуб П.Е.Т. ја промовираше и својата економска активност пред различните чинители при што беа презентирани целите, визијата и мисијата на социјалното претпријатие, кое започна со работа на почетокот на оваа година. Клуб П.Е.Т. нуди опремен простор во центарот на градот со капацитет до 30 лица, издавање на простор за организација на настани (семинари, обуки, работилници, конференции, трибини), пакет услуги со храна и пијалоци, како и издавање на простор за индивидуална работа со обезбедена опрема и покриени режиски трошоци. Главната социјална цел на Клуб П.Е.Т. е поддршка и унапредување на правната помош за маргинализираните заедници.

Similar Posts

  • Едукативни работилници за справување со родово базирано насилство

    Со цел подигнување на свеста и зајакнување на знаењата за родово базираното насилство, во изминатиов период успешно спроведовме три едукативни и интерактивни работилници во Прилеп, Кривогаштани и Долнени, каде се вклучија педесетина млади и жени од овие средини. Периодот на одржување на работилниците се поклопи со глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со…

  • Трета средба на мултисекторски тим

    Во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, на 30 април 2026 година  се одржа третата средба на мултисекторскиот тим во организација на Здружение Станица ПЕТ. Целта на оваа средба беше зајакнување на мултисекторската соработка помеѓу институциите со фокус на раната идентификација и упатување на жртви, односно начинот на кој институциите…

  • Завршна конференција – Проект: „Пристап до правда за најмаргинализираните“

    На 27 јуни 2023 година, се одржа завршна конференција со која успешно беше заокружен проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ кој се спроведува од јануари 2022 година и завршува во јули 2023. Воведни обраќања на настанот имаа г-н Константин Јовановски, програмски офицер при Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, г-а Весна Наковска, раководителка на одделението за бесплатна…

  • Едукативен караван „Правдата не е привилегија“

    „Граѓаните имаат потреба да се консултираат и побараат совет за нивните права од социјална заштита, лична документација, здравствена заштита, и тие имаат право тоа да го добијат во нивната заедница, затоа што #Правдата не е привилегија“. Едукативниот караван „Правдата не е привилегија“ во изминатиот период патуваше низ 10 населени места од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени,…

  • ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на експерт за спроведување на oбука на локални активисти – еко амбасадори

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ за потребите од спроведувањето на проектот: „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за…

  • Отворен ден за афирмирање на активни мерки и постоечки можности за поддршка на социјално и бизнис претприемништво

    На 27 февруари, организиравме Отворен ден за афирмирање на активни мерки и постоечки можности за поддршка на социјално и бизнис претприемништво во с. Ропотово, општина Долнени. Овозможувањето на ресурси и можности за пристап до поддршка за развој на социјално и бизнис претприемништво на младите од општина Долнени беше постигнато преку првиот показен отворен ден каде беа присутни…