ЈАВЕН ПОВИК – За ангажирање на еден (1) експерт за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици

Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Интерсекциска дискриминација во Северна Македонија“  поддржан од Цивика Мобилитас, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За ангажирање на еден (1) експерт/ка за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици

Општи информации за Проектот

            Хелсиншкиот комитет заедно со ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје и Станица П.Е.Т – Прилеп го спроведуваат проектот „Интерсекциска дискриминација во Северна Македонија“. Целта на оваа акција е зајакнување на граѓанското учество преку вклучување на граѓанските организации во креирањето и донесувањето на одлуки во областа на заштитата од дискриминацијата во Република Северна Македонија како и воспоставување на систем за мониторинг на политиките и легислативата од областа на заштитата на дискриминацијата, со посебен фокус кон работата на новата Комисија за спречување и заштита од дискриминација преку развој на иновативни методи за разбирање на интерсекцискиот пристап кон дискриминацијата.

Опис на активноста предмет на овој повик

            Ангажманот предмет на овој повик е потребен заради спроведување на Активноста А7 од Проектот насловена како Квартален мониторинг (преку кратки документи за јавна политика) каде на квартално ниво ќе  се подготват на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици.

Во овие документи/инфографици ќе се даде визуелен осврт врз начинот на кој се применуваат политиките и новиот закон за заштита од дискриминација, како и на  предметите/случаите кои ќе бидат утврдени преку интерсекцискиот пристап.

Цели, работни задачи и производ од ангажманот

  • Изработка и дизајн на четири (4) кратки документи/инфографици за визуелно прикажување на начинот на кој се спроведуваат политиките согласно ЗСЗД и предметите/случаи на интерсекциска дискриминација;
  • Соработка со проектниот тим за време на ангажманот и изработката на документитите/инфографиците.

Потребни квалификации:

  • Вештини за дизајн, што вклучува користење соодветен софтвер;
  • Искуство во подготовка и дизајн на документи и инфографици;
  • Вештини и техники за уредување и илустрација;
  • Нагласена креативност и способност за понудување идејни решенија за претставување информации, наоди и резултати во лесно достапна и разбирлива визуелна порака;
  • Прецизност и запазување детали во работењето;
  • Строго почитување рокови.

Заинтересираните за овој повик треба да ги достават следниве документи:

  • CV (кратка биографија) со релевантно искуство;
  • понуда (во скенирана верзија со потпис од лицето кое ја доставува) која ќе вклучува цена на чинење за подготовка на 4 кратки документи/инфографици за интерсекциска дискриминација.

Времетраење на договорот: 8 месеци

Ве замолуваме, целосната документација да ја доставите на е-маил: [email protected], најдоцна до 19.11.2021 година, до 12 часот, со назнака: експерт за дизајн

*Селекцијата на подобните кандидати за експерт/ка за дизајн ќе ја врши комисија креирана од страна на Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп.

Similar Posts

  • 2025 ќе биде година на НУЛА говор на омраза на етничка и религиска основа во училиштата во општините Прилеп и Долнени!

    Во текот на месец декември 2024 година, спроведовме серија на активности во општините Прилеп и Долнени за справување и одговор на говорот на омраза на етничка и религиска основа кој постои во онлајн комуникацијата помеѓу младите/учениците од основните и средните училишта. Во таа насока, беа организирани три работилници во две основни и едно средно училиште…

  • Дистрибуција на промотивни материјали за едукација за заштита од Ковид-19

    Во изминатиот период, Советот на заедницата на Станица П.Е.Т. и здравствените промотори организираа едукативна активност – дистрибуција на промотивни материјали лифлети за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19. Со оваа активност беа опфатени граѓаните од нас. Тризла кои беа дел од истражувањето во заедницата за обезбедување на податоци и докази со цел подобрување на…

  • Едукативна работилница Сексуално и репродуктивно здравје

    Сите сме слушнале за безбедно сексуално однесување, но некои од нас сеуште ризикуваат! На ден 28.06.2019 година беше спроведена едукативна работилница, во соработка со Ј.З.У “Центар за јавно здравје“-Прилеп и д-р Аксиња Гарбеска- Кебакоска, со цел информирање на младите за повеќе прашања од сексуалното и репродуктивното здравје. На средбата беа присутни 16 лица, во поголем…

  • Активизмот против насилството е секојдневна борба – одбележан 10 Декември во Прилеп

    На 10 декември, по повод Денот на човековите права, Здружението СТАНИЦА ПЕТ организираше информативен настан во центарот на Прилеп, со цел подигнување на свеста за родово базираното и семејното насилство и информирање на граѓаните за достапноста на услугите за психосоцијална поддршка. На јавен штанд поставен на фреквентна локација, тимот на здружението директно комуницираше со граѓаните…

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ ЗА ХРАНА

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативни обуки за Борба против корупција

    Во изминатиот период, СТАНИЦА П.Е.Т. организираше две едукативни обуки за Борба против корупција на кои граѓаните имаа можност да стекнат знаења поврзани со препознавање и пријавување на корупција и судир на интереси.  Обуките за препознавање и пријавување на корупција се одржаа во рамките на проектот: „Правна едукација за борба против корупција“, имплементиран од СТАНИЦА П.Е.Т., а е финансиран…