Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Интерсекциска дискриминација во Северна Македонија“ поддржан од Цивика Мобилитас, објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
За ангажирање на еден (1) експерт/ка за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици
Општи информации за Проектот
Хелсиншкиот комитет заедно со ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје и Станица П.Е.Т – Прилеп го спроведуваат проектот „Интерсекциска дискриминација во Северна Македонија“. Целта на оваа акција е зајакнување на граѓанското учество преку вклучување на граѓанските организации во креирањето и донесувањето на одлуки во областа на заштитата од дискриминацијата во Република Северна Македонија како и воспоставување на систем за мониторинг на политиките и легислативата од областа на заштитата на дискриминацијата, со посебен фокус кон работата на новата Комисија за спречување и заштита од дискриминација преку развој на иновативни методи за разбирање на интерсекцискиот пристап кон дискриминацијата.
Опис на активноста предмет на овој повик
Ангажманот предмет на овој повик е потребен заради спроведување на Активноста А7 од Проектот насловена како Квартален мониторинг (преку кратки документи за јавна политика) каде на квартално ниво ќе се подготват на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици.
Во овие документи/инфографици ќе се даде визуелен осврт врз начинот на кој се применуваат политиките и новиот закон за заштита од дискриминација, како и на предметите/случаите кои ќе бидат утврдени преку интерсекцискиот пристап.
Цели, работни задачи и производ од ангажманот
- Изработка и дизајн на четири (4) кратки документи/инфографици за визуелно прикажување на начинот на кој се спроведуваат политиките согласно ЗСЗД и предметите/случаи на интерсекциска дискриминација;
- Соработка со проектниот тим за време на ангажманот и изработката на документитите/инфографиците.
Потребни квалификации:
- Вештини за дизајн, што вклучува користење соодветен софтвер;
- Искуство во подготовка и дизајн на документи и инфографици;
- Вештини и техники за уредување и илустрација;
- Нагласена креативност и способност за понудување идејни решенија за претставување информации, наоди и резултати во лесно достапна и разбирлива визуелна порака;
- Прецизност и запазување детали во работењето;
- Строго почитување рокови.
Заинтересираните за овој повик треба да ги достават следниве документи:
- CV (кратка биографија) со релевантно искуство;
- понуда (во скенирана верзија со потпис од лицето кое ја доставува) која ќе вклучува цена на чинење за подготовка на 4 кратки документи/инфографици за интерсекциска дискриминација.
Времетраење на договорот: 8 месеци
Ве замолуваме, целосната документација да ја доставите на е-маил: [email protected], најдоцна до 19.11.2021 година, до 12 часот, со назнака: експерт за дизајн
*Селекцијата на подобните кандидати за експерт/ка за дизајн ќе ја врши комисија креирана од страна на Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп.
