Втора средба и работилница на Советот во заедницата

На 27.07.2021 година, Советот на заедницата на Станица П.Е.Т. организираше втора средба, на која учество зедоа претставниците на Советот и промоторите во заедницата.

Средбата се одржа во Клуб П.Е.Т. – социјално претпријатие во рамки на Здружение Станица П.Е.Т.

Активноста е дел од проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“, чија цел е унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризна состојба преку обезбедување на активно учество на граѓаните.

На работилницата зедоа учество 17 учесници, кои активно работат на спроведување на активностите од проектот на терен. За време на истатата, учесниците разговараа за предизвиците со кои се соочува заедницата за време на кризни ситуации, за засегнатите страни во кризни ситуации и како секој од институциите/приватните фирми/граѓаните би можеле да одговорат на кризата.

Проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“ го спроведува Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, во партнерство со Здружение на граѓани за здравствена, социјална и образовна поддршка „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ – ИРИЗ, Здружение за развој и унапредување на ромската заедница – Романо Чачипе, Здружение на граѓани на просветни работници за заштита на правата на жените и децата – ЛИЛ и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., поддржан од Светска здравствена организација.

Similar Posts

  • Информативно видео за Борба против корупција

    СТАНИЦА П.Е.Т. во изминатиот период подготви информативно видео за Борба против корупција. Корупцијата и судирот на интереси постојат во секоја сфера од општественото живеење. Затоа, потребно е препознавање, охрабрување и пријавување на овие негативни појави. Целта на видеото е правна едукација на пошироката јавност преку илустративен приказ за основните информации за борбата против корупцијата, постапката и…

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ ЗА ХРАНА

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие…

  • Промоција на МОПА – Мобилна канцеларија за параправна помош

    Во изминатиот период параправниците од Станица П.Е.Т. ја промовираа Мобилната канцеларија за параправна помош во општините Прилеп (за Мариовскиот регион), Кривогаштани и Долнени помеѓу граѓаните од овие региони и околните села преку делење на промотивен материјал – торба. Мобилната канцеларија за параправна помош претставува место каде граѓаните од овие региони ќе можат да се обратат за правна…

  • Анти-корупцијата во здравството низ призмата на теренската работа

    Во рамки на проектот: „Анти-корупција во здравството и образованието на локално ниво“, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија, на 15.09.2020 година, Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. организираше делење на промотивен материјал од врата – на врата до граѓаните во заедницата презентирајќи ги податоците добиени од истражувањето за анти-корупцијата во здравството. Согласно спроведените индивидуални интервјуа и фокус…

  • Зелени знаења за силна локална заедница во Ропотово

    Во периодот од мај до октомври годинава, во село Ропотово беа успешно реализирани шест едукативни работилници со локалното население, наменети за зајакнување на знаењата и практиките поврзани со одржлив развој, заштита на животната средина и енергетска ефикасност. Преку овие активности беа опфатени околу 70 локални жители од различни возрасни групи, што потврдува силен интерес и…

  • Едукативно предавање: „Семејно насилство и малолетнички бракови“

    Детските бракови се многу честа причина и извор на родово-базирано насилство! На ден 26.11.2024 година, во соработка со МВР – Сектор за внатрешни работи – Битола и Одделение за внатрешни работи – Прилеп организиравме едукативно предавање на тема „Семејно насилство и малолетнички бракови“ како уште една во низата активности за одбележување на 16 дена активизам…