Станица П.Е.Т. со промотивна активност: „Вакцинирај се! Информирај се! Заштити се!“

Во изминатиот период здравствените промотори на Станица П.Е.Т. посетија околу 160 граѓани и семејства од општина Прилеп и мариовскиот регион (с. Витолиште, с. Штавица), с. Кривогаштани и с. Воѓани, с. Долнени, с. Ропотово и с. Дупјачани, како и Ромската заедница во населба Тризла на кои преку делење на промотивен материјал – маичка ги едуцираа за потребата од вакцинирање за заштита против Ковид-19, која се спроведува изминатиов период во руралните средини.

Во рамките на оваа активност промоторите ги запознаа граѓаните со потребата од спроведување на масовна вакцинација во сите населени места, како би се обезбедила навремена заштита и би спречиле повторно ширење на вирусот и враќање на рестриктивните мерки.

Исто така, промоторите во заедницата дополнително ги известија граѓаните дека во моментот нема потреба од пријавување за вакцинација при што секој може да се вакцинира без претходна пријава.

Со оваа активност, здравствените промотори на креативен начин активно се вклучија во поттикнување на свеста кај граѓаните за масовна вакцинација со цел навремена превенција и заштита од Ковид-19.


Активноста се спроведува во рамки на проектот Covid-19 grassroots justice project, со поддршка од глобалниот Covid-19 grassroots justice fund.

Similar Posts

  • 5 години Станица ПЕТ

    На 20.09.2023 година, прославивме 5 години постоење на нашето здружение. Во изминатите години, реализирани се 25 проекти со фокус на правно зајакнување, пристап до правда, унапредување на човековите права, транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество, обезбедени се над 5000 услуги за повеќе од 1500 граѓани, вклучени се над 300 претставници од заедниците, граѓанските организации и институциите…

  • Инфо сесија: Законски измени во врска со детските бракови

    На ден 18.09.2019 година се одржа информативна средба на тема: „Дали промената на теоријата ќе ја промени и праксата?“ со фокус на законските измени во Кривичниот закон и Законот за основно образование кои се однесуваат на регулирање на појавата од детски бракови. На информативната средба беа присутни 40тина лица од кои претставници на стручните служби од повеќе…

  • ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „ЕКО ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ПРИЛЕП“ ЗА ТРЕТИОТ #ЗЕЛЕНПЕТОК

    Во рамки на иницијативата #ЗеленПеток, се одржа ликовната изложба „Еко перспективи за Прилеп“, како дел од третата по ред месечна акција #ЗеленПеток, посветена на подигнување на еколошката свест и поттикнување активен дијалог во заедницата. Изложбата ги претстави уметничките изработки на млади учесници од Прилеп, создадени за време на едукативна ликовна работилница реализирана во ноември 2025…

  • Успешно реализиран #ЗеленПеток 5: „Размена наместо отпад“

    Петтиот #ЗеленПеток го одбележавме со акцијата „Размена наместо отпад“, иницијатива што ја слави повторната употреба и одговорната потрошувачка. Настанот беше најавен ден претходно во утринската емисија Македонија наутро на Македонска радио телевизија, што придонесе за поголема информираност и вклученост на граѓаните. Акцијата предизвика значителен интерес и позитивен одзив од заедницата. Околу 30 граѓани учествуваа во…

  • Теренска акција: „Сите жртви на родово-базирано насилство не изгледаат исто!“

    На 11 декември 2023 година, активистите на Станица ПЕТ организираа теренска акција во центарот на Прилеп, со цел делење на промотивен материјал за подигнување на јавната свест и поттикнување на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базирано насилство. Како заокружување на кампањата „16 дена активизам против родово-базирано насилство“, активистите разговараа со граѓаните…

  • Ден на добри дела, за прв пат во Прилеп

    На ден 12.04.2024 година, како дел од Светскиот ден на добри дела 2024, се одржа Креативна акција за цртање на едукативни игри, во подрачното училиште на ООУ „Рампо Левката“ во с. Селце. Активноста се реализираше со поддршка на 20 волонтери ученици од ООУ Рампо Левката и средношколци, кои заеднички цртаа едукативни игри и цртежи во училишниот…