На 20.09.2023 година, прославивме 5 години постоење на нашето здружение.
Во изминатите години, реализирани се 25 проекти со фокус на правно зајакнување, пристап до правда, унапредување на човековите права, транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество, обезбедени се над 5000 услуги за повеќе од 1500 граѓани, вклучени се над 300 претставници од заедниците, граѓанските организации и институциите во различни активности, а исто така се актуелизирани бројни индивидуални и системски пречки во остварување на правата.
ИМ БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ ШТО БЕА ДЕЛ ОД НАШАТА ПРИКАЗНА И ВИ ВЕТУВАМЕ УШТЕ МНОГУ ГОДИНИ ПОСВЕТЕНА РАБОТА!