Креативна акција: „Информирај се, Пријави се и Вакцинирај се!“

Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. од Прилеп, заедно со партнерските организации и тоа: Здружение за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје), Национален Ромски Центар (Куманово), ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците од Скопје, Центарот за современи уметности од Скопје и Фондацијата Отворено општество – Македонија, во Општина Прилеп спроведе Креативна акција за информирање и подигнување на свесноста за потребата за вакцинација за заштита од КОВИД-19.

Акцијата се одржа на 2 јуни 2021 година на плоштад Александрија – Камена бина во Прилеп, со почеток од 10:00 часот. Целта на акцијата беше информирање и подигнување на свесноста на пошироката јавност во однос на вакцинацијата за заштита од КОВИД-19, како и давање на практична помош на граѓаните да се регистрираат во онлајн системот vakcinacija.mk.

Оваа креативна акција е главна, а од неа се очекува да произлезат помали акции во одредени населени места и тоа: ромската населба – Тризла во општина Прилеп, како и руралните места во кои граѓаните имаат потреба од дигитална поддршка за обезбедување термин за вакцинација, како и дополнителни вистинити информации преку кои би се ослободиле од лажните вести поврзани со вакцинацијата кои постојано се шират по социјалните мрежи. Со оглед на фактот што во Прилеп и околните рурални места живеат голем број граѓани кои со соочуваат со различни економски, социјални и географски бариери, како и поради фактот што постојат голем број дигитално неписмени луѓе, вестите и соопштенијата кои Владата на РСМ ги објавува во врска со вакцинацијата за заштита од КОВИД-19 не можат да допрат до пошироките народни маси кои се оневозможени да се информираат, да се пријават и да се вакцинираат.

Перформансот се состоеше од креативно изработен симбол од корона вирусот и шприц во голем формат посветен на вакцината за заштита од КОВИД-19, се споделуваа информации во врска со имунизацијата преку дистрибуција на малечки картонски симболични шишенца со вакцини кои треба да ги добијат граѓаните што поскоро и што помасовно како би се обезбедил колективен имунитет. Исто така, беше отворен и штанд на кој граѓаните имаа можност да се информираат и да се пријават за вакцинација, во истиот момент.

Во изминатиот период во услови на здравствена криза и светската пандемија поради КОВИД-19, маргинализираните групи на граѓани се соочуваат со дополнитени предизвици, особено поради недостапноста на вакцините против КОВИД-19 до овие групи на граѓани, кои немаат финансиски средства да патуваат до друг град, со оглед на фактот што во нашиот град не можат да примат друга вакцина, освен Астразенека. И покрај фактот што пред 7 дена, во Прилеп се отвори и првиот вакцинален пункт, во моментов се аплицираат единствено вакцините на производителот Астразенека кои се наменети за граѓани над 60 годишна возраст, а останатите граѓани се приморани да патуваат до Битола за да примат вакцина од друг производител што ги изложува на дополнителни трошоци кои не се во можност да ги покријат.

Преку спроведување на оваа активност се очекува зголемување на бројот на пријавени граѓани за вакцинација што ќе доведе до масовна имунизација и создавање на колективен имунитет кај населението во Република Северна Македонија кое дополнително ќе придонесе за олабавување на заштитните мерки кои често претставуваат терет за граѓаните кои не можат да си дозволат континуирано почитување на истите поради економската или социјалната состојба во која се наоѓаат.

*Акцијата е дел од обуката за креативен активизам на ромски организации која ја спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија со Центарот за современи уметности од Скопје, а на обуката и во креирањето и спроведувањето на акцијата учествуваат претставници на Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. (Прилеп); ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија назаедниците (Скопје); Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје) и Здружение Национален Ромски Центар (Куманово).

Similar Posts

  • Партнерската организација Centar Manjinske Zajednice во посета на Прилеп

    Со цел промоција на меѓурелигискиот и меѓуетничкиот дијалог преку заеднички колективни акции, во периодот 27-28 јули, претставници на партнерската организација Centar Manjinske Zajednice  од Косово беа во студиска посета на Прилеп и нашето здружение. Студиската посета се реализираше во соработка помеѓу NDI Косово и NDI Северна Македонија со цел зголемување на соработката помеѓу „сестринските општини“…

  • Втор состанок на мрежата на адвокати и правници кои обезбедуваат поддршка на жени жртви на насилство

    Мрежата на Советот на Европа составена од специјализирани адвокати и НВО  кои oбезбедуваат поддршка за жени жртви на насилство го одржа својот втор состанок на 18-19 септември 2025 година во Стразбур, посветен на темата „Обезбедување правна помош и застапување на мигранти, баратели на азил и бегалци, жртви на родово базирано насилство, преку стратешко застапување“. Христина Здравеска, правничка во…

  • СТАНИЦА ПЕТ со придонес во процесот на унапредување на Локалниот акциски план за Зелена агенда на Општина Прилеп

    На 14 мај 2026 година, тимот на Здружение СТАНИЦА ПЕТ учествуваше на фокус група организирана во соработка со Општина Прилеп, посветена на унапредувањето на Локалниот акциски план за Зелена агенда. На настанот беше разгледана нацрт-верзијата на планот, подготвена врз основа на претходно реализирана работилница, при што учесниците дискутираа за приоритетите и мерките во областа на…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита

    Во изминатиот период, здравствените промотори на Станица П.Е.Т. посетија околу 100 граѓани и семејства од општина Прилеп и мариовскиот регион, општина Кривогаштани и општина Долнени на кои преку делење на промотивен материјал – торби и заштитни маски, им ја претставија услугата „Прашај здравствен промотор“ и ги едуцираа како правилно да користат маски за заштита од Ковид-19. Во рамките…

  • Прв регионален состанок на COPASAH EUROPE

    Во периодот 19-21 јуни, Христина Здравеска од нашето здружение учествуваше на првиот регионален состанок на Мрежата на практичари во заедницата за отчетност и општествена акција во здравството COPASAH EUROPE кој се одржува во Тирана, Албанија. На тридневниот состанок се финализираше Комуникациската стратегија и Планот за работа на мрежата, се дискутираше за главните предизвици и проблеми…

  • Мапирање на диви депонии за пристап до климатска правда за маргинализираните граѓани

    Во изминатиот период, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. изработи мапи на дивите депонии во општина Кривогаштани и ромската заедница во општина Прилеп, со цел обележување и идентификување на проблемот со дивите депонии, што претставува прв чекор кон нивно решавање. Активноста се спроведе преку теренско идентификување на диви депонии во соработка со граѓаните од ромската заедница…