На ден 30.03.2021 година се одржа активноста: „Јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес“. Истата се одвиваше со физичко присуство во просториите на социјалното претпријатие „Клуб ПЕТ“, основано во рамките на Станица П.Е.Т. и директен пренос на онлајн платформата ZOOM, со оглед на специфичната ситуација поради Ковид пандемијата. Целта на јавната трибина е правна едукација на граѓаните, но и отвореноста на институциите за соработка кои се клучни елементи за враќање на довербата во механизмите за заштита. Јавната трибина се одржа како дел од проектот: „Борба против корупција“ имплементиран од Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., а е финансирана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.


За време на трибината, од страна на проектниот координатор Џенгис Бериша беа презентирани поединечно спроведените активности од проектот и видео записот „Корупција и судир на интереси“ кој преку илустративен приказ на основни информации за борбата против корупција и постапката/механизмите за пријавување, а претставничката од ФООМ ги презентираше извештајот и резултатите од истражувањето во врска со корупцијата на локално ниво и набљудување на системите на интегритет во 5 општини (Желино, Карпош, Дојран, Охрид и Прилеп).
Правната советничка од Здружение Станица П.Е.Т. – Христина Здравеска ги презентираше резултатите кои произлегоа од спроведувањето на проектните активности и секојдневната комуникација со граѓаните кои биле жртви на коруптивно однесување или судир на интереси. Согласно ова, таа сподели дека обичниот граѓанин најчесто не може да ја препознае корупцијата, бидејќи никој од нас не знае кое однесување и постапување е коруптивно.
Воедно, учесниците имаа можност да дадат и свои коментари, да дискутираат и да ги споделат своите искуства поврзани со корупцијата.




За крај беше резимирано дека потребно е:
- Правилно и сепфатно идентификување на случаи на корупција на локално ниво
- Креирање на пракса за соодветно постапување
- Разбивање на митот околу појавата на корупција како апстрактна и недостижна за обичниот граѓанин
- Препознавање и преземање на конкретни мерки за борба против корупција од страна на граѓаните, особено од маргинализираните заедници, кои се најпогодени од оваа појава на локално ниво и
- Креирање на сеопфатни позитивни промени во наративот на сите засегнати страни, бидејќи пристапот не ги таргетира само граѓаните, туку паралелно со нив и здруженијата и локалните институции.