Информативно видео за Борба против корупција

СТАНИЦА П.Е.Т. во изминатиот период подготви информативно видео за Борба против корупција. Корупцијата и судирот на интереси постојат во секоја сфера од општественото живеење. Затоа, потребно е препознавање, охрабрување и пријавување на овие негативни појави.

Целта на видеото е правна едукација на пошироката јавност преку илустративен приказ за основните информации за борбата против корупцијата, постапката и механизмите за пријавување. Корупцијата не се променува сама по себе, потребна е едукација и информирање на граѓаните. Секој миг треба да се искористи за да се поттикне функционалноста на институциите и системот, а кога имаме функционален ситем, тогаш се надминува корупцијата и судирот на интереси.

Ова видео е подготвено од Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во ова видео му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

Similar Posts

  • СТАНИЦА ПЕТ со придонес во процесот на унапредување на Локалниот акциски план за Зелена агенда на Општина Прилеп

    На 14 мај 2026 година, тимот на Здружение СТАНИЦА ПЕТ учествуваше на фокус група организирана во соработка со Општина Прилеп, посветена на унапредувањето на Локалниот акциски план за Зелена агенда. На настанот беше разгледана нацрт-верзијата на планот, подготвена врз основа на претходно реализирана работилница, при што учесниците дискутираа за приоритетите и мерките во областа на…

  • Ова не е честитка за 8 Март – ова е повик за одговорност

    По повод 8 Март, ја објавуваме пораката „Ова не е честитка за 8ми Март“! Целта е да потсетиме дека зад симболиката на овој ден стои реалност со која многу жени сè уште се соочуваат – насилство, институционална незаинтересираност и системски пропусти. Овој дигитален материјал не е порака на одбележување, туку на аларм. Тој е потсетник…

  • Прва средба и работилница на Советот во заедницата

    На 13.07.2021 година, Советот на заедницата на Станица П.Е.Т. организираше прва средба, на која учество зедоа претставниците на Советот и промоторите во заедницата. Средбата се одржа во Клуб П.Е.Т. – социјално претпријатие во рамки на Здружение Станица П.Е.Т. Активноста е дел од проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во…

  • ОТВОРЕН ПОВИК

    за избор на понудувачи на услуги за спроведување на верификувани обуки Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп, со седиште на ул.Прилепски бранители бр.24/1 – мезанин, 7500 Прилеп со ЕМБС 7311834 и ЕДБ 4021018536546, застапувано од извршната директорка Весна Шапкоски, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за избор на понудувачи на услуги за спроведување на верификувани…

  • „Не е ѓубре ако знаеш каде завршува: селекција на отпад во домаќинствата!“ работилница со млади

    Во рамки на иницијативата #ЗеленПеток, се одржа работилница на тема „Не е ѓубре ако знаеш каде завршува: селекција на отпад во домаќинствата“, дел од четвртата по ред месечна акција посветена на подигнување на еколошката свест и унапредување на практиките за одговорно управување со отпадот во локалната заедница. На работилницата учествуваа 30тина млади од Прилеп и…

  • Од отпад до храна за земјата – успешен циклус на компостирање во Ропотово

    Во периодот мај–октомври 2025 година, во село Ропотово се спроведуваше процесот на колективно компостирање на органски отпад. Со помош на поставените три станици за собирање на органски отпад и една станица за компостирање, локалните жители, заедно со вработените во комуналното претпријатие и тимот на СТАНИЦА ПЕТ, се грижeа и го одржуваа материјалот додека компостот „зрееше“…