За време на предновогодишните и божиќните празници, здравствените промотори на Станица П.Е.Т. посетија околу 70 семејства од ромската и другите населби во општина Прилеп, на кои им посакаа: да празнуваат одговорно, почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19.



За време на двете акции, промоторите во заедницата уште еднаш ги промовираа препораките од здравствените служби за држење растојание од 2 метри, носење заштитна опрема (маска, марама, шал) и редовно миење на раце и дезинфекција, кои се од исклучително значење за заштита од Ковид-19. Една од главните препораки на промоторите беше и празнување во кругот на семејството, како би биле одговорни кон себе и другите.

