Инфо – караван: Правдата не е привилегија

“Работата со заедниците, мора да произлегува и да се случува директно во заедниците“. 

Во периодот од 23.09.2020 до 02.10.2020, Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. организираше отворени инфо денови – ИНФО КАРАВАН со граѓаните од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени Прилеп, чија главна цел беше граѓаните на овие општини да се запознаат со активностите на проектот и начинот на кој можат да пристапат до правда за себе и за своите блиски.

Инфо-краванот беше поставен секој работен ден во периодот од 11 до 14 часот, на следните локации: Прилеп – центар, с. Обршани, Прилеп – нас. Тризла, с. Долнени, с. Витолиште и с. Крушевица, с. Кривогаштани, с. Ропотово и с. Лажани и Прилеп – нас. Точила. Притоа 843 граѓани имаа можност да дознаат за правата и правната помош – услугите кои можат да ги добијат во Здружение СТАНИЦА П.Е.Т., како што се: пополнување на документација, совети и упатство за остварување на права од здравствена и социјална заштита, права од вршење на земјоделска дејност, работни односи, вадење на лична документација, права од домување, помош при поднесување барања и друга документација до надлежни институции. Здружението ги обезбедува овие услуги преку своите правници и параправници кои работат на територијата на општина Прилеп и околните рурални места. 

„Е конечно некој и кај нас да дојде, а да не е политичка партија пред избори!“, 
„Со години немам слушнато некој да дава правна помош на луѓето, а баш тоа најмногу ни треба. Проблеми имаме колку да сакаш!“
“Кај нас никој не доаѓа ни за лошо, а не пак за арно.Чекајте да им кажам и на другите дека вие сте тука.“
Вака го пречекуваа граѓаните Инфо-караванот, со интерес за промотивните материјали кои беа дистрибуирани и информациите кои со нив беа споделени. 

Комуникацијата со граѓаните на терен уште еднаш покажа дека правдата сеуште е привилегија за маргинализираните, но и дека сите граѓани освен права имаат и обврски, дека правни потреби и проблеми има секој граѓанин, независно дали живее во урбана или рурална средина и дека никој не смее да биде изоставен од можноста да пристапи до правда за себе и за своите блиски бидејќи “Правдата не е привилегија“.

Проектот: „Пристап до правда за најмаргинализираните“ го спроведува Фондација Отворено општество – Македонија во партнерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. и ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, со финансиска поддршка од Европската Унија. Главната цел на проектот е заштита на човековите права преку правно зајакнување и унапредување на пристапот до правда за најмаргинализираните групи граѓани, со фокус на Роми, луѓе кои користат дроги, сексуални работници, деца и семејства во социјален ризик и други ранливи заедници.

Similar Posts

  • МРЕЖАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА БАРА ИЗБОР НА СТРУЧНИ И КОМПЕТЕНТНИ ЛИЦА ВО ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

    Мрежата за заштита од дискриминација континуирано ја следи  работата на Народниот правобранител како национална институција за човекови права и во последните неколку години има идентификувано повеќе пречки во целокупното нејзино функционирање кои ја ослабуваат нејзината ефикасност и ефективност како институција и ја спречуваат во комплетно исполнување на нејзините надлежности. Меѓу најгорливите се недостатокот на рамномерна…

  • Станица П.Е.Т. ја организираше завршната јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес

    На ден 30.03.2021 година се одржа активноста: „Јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес“. Истата се одвиваше со физичко присуство во просториите на социјалното претпријатие „Клуб ПЕТ“, основано во рамките на Станица П.Е.Т. и директен пренос на онлајн платформата ZOOM, со оглед на специфичната ситуација поради Ковид пандемијата. Целта на јавната трибина…

  • Учество на промотивен настан за следење на изборните ветувања

    На 31 октомври, во организација на Strategic Management Systems – SMS во Битола се одржа промотивен настан „Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања – искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации“. На настанот свое излагање имаше Маја Петанческа, проектен координатор во СТАНИЦА ПЕТ која го презентираше искуството од мониторингот на…

  • Учество на обука за застапување против семејното насилство

    Правилното информирање на јавноста за природата на семејното насилство и фактичката состојба на жените што претрепеле семејно насилство, како и законските механизми за заштита придонесува за зголемување на општетвената поддршка и охрабување на жените да го пријават насилството и побараат помош и поддршка. Во периодот 2-3 октомври се одржа Обука за етичко, професионално и законско…

  • Интерна обука за зајакнување на капацитетите на тимот за обезбедување психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на насилство

    Во рамки на нашите континуирани напори за обезбедување квалитетна и стандардизирана психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на насилство, во периодот 13-15 август 2025, во просториите на Здружение СТАНИЦА ПЕТ се одржа Интерна тридневна обука за нашиот тим. Обуката беше насочена кон унапредување на знаењата и вештините на професионалците кои секојдневно работат со жртви…

  • Тркалезна маса за спречување на насилството врз жени и девојчиња

    Насилството врз жените не може да се искорени додека постојат нееднаква распределба на моќ и нееднакви можности за сите. На 24ти февруари, во нашето здружение се одржа тркалезна маса – дискусија за важноста на родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња. За време на дискусијата која беше организирана од  Националната мрежа против…