СТАНИЦА П.Е.Т. организираше серија на обуки за промоторите во заедницата

“Пристап до правда – да се знае, користи и обликува правото“!

Во периодот февруари – јули 2020 година, здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. одржа серија на обуки за промоторите во заедницата, со цел правно зајакнување на Ромите. Трите обуки се спроведоа во рамките на активноста: „Серија обуки за правно зајакнување на промотори во заедницата“ како дел од проектот: Центар за пристап до правда. Обуките беа организирани во соработка со Здружение на правници Роми од Скопје, а обучувачи беа Срџан Амет и Ариф Адеми. На обуките зедоа учество 24 учесници.

Правото има за цел да им даде на сите подеднаква шанса за постигнување на правда и многу често токму правото (законите) се пречката за постигнување на правдата!

Првата обука се одржа на 22.02.2020 година, во просториите на СТАНИЦА П.Е.Т., насловена како: „Пристап до правда“. Целта на истата беше запознавање на промоторите што значи пристапот до правда,  да се знае да се користи и обликува правото, формите и рамките на пристапување до правда, како и преку практични примери учесниците самостојно да научат да идентификуваат и  решаваат проблеми поврзани со оваа тема. Исто така, обучувачите им ги пренесоа своите знаења на промоторите во однос на потребата од пристап до правда и елементите кои ги содржи, како и значењето на пристапот до правда за маргинализираните групи на граѓани. Промоторите, преку практична вежба учеа и за разликите помеѓу институцијата Народен правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и поднесоците кои се доставуваат до нив, а воедно се запознаа и со поимот и спецификациите на бесплатната правна помош која може да биде примарна и секундарна.

Моќта на лидерите со векови наназад го менувала човештвото, општеството, животите, па и судбините на милиони луѓе. Лидерите инспирираат, мотивираат, водат напред!

Втората обука се одржа на 29.02.2020 година, насловена како: „Лидерство“, на која главната цел беше запознавање на промоторите што значи лидерството,  што е тоа што лидерите ги прави различни од другите, што е она што ги прави моќни да раководат со ситуациите и луѓето, кои особини го чинат вистинскиот лидер, како и преку практични примери учесниците самостојно да научат да ги постават своите насоки за изградба на своите капацитети. За време на обуката, промоторите во заедницата ги подобрија своите вештини за лидерство, а воедно се запознаа и со типовите лидери во заедницата според карактеристиките на однесувањето, а научија и како да ги препознаваат знаците за предупредување на потенцијален неуспех на лидерот, како би можеле во иднина да работат на подобрување.

Организирањето на заедницата претставува процес во кој луѓето кои живеат во одредена заедница се здружуваат во организациона форма со цел да делуваат за заедничките интереси.

На 29.07.2020 година, се одржа третата обука за промотори во заедницата: „Мобилизација на заедницата“, која беше реализирана онлајн со оглед на моменталната состојба со КОВИД-19. Целта на oбуката беше запознавање на промоторите што значи правно организирање на заедницата,  како да се организира Ромската заедница, зошто е потребно истото, кои се моделите и формите кои постојат и кои можат да се применат на терен, како и преку практични примери учесниците самостојно да научат да ги постават своите насоки за изградба на своите капацитети. Воедно, промоторите се запознаа и со видовите на организирање на заедницата (организирање “тропање на вратите“, организирање заедница заснована врз вера, широко распространета и градење на коалиции). Посебно беше истакнато, дека од големо значење е вклучувањето на релевантни засегнати страни односно локалната самоуправа, министерствата, центрите и сл. во решавање на проблемите во заедницата, како и подигнувањето на свеста на членовите на заедницата, односно препознавање на моделот за реализирање на своите потреби.

“Ако правото не е достапно за сите, тогаш и правдата не е достапна за сите, а ако правдата не е достапна за сите тогаш не е право туку привилегија.“

Similar Posts

  • „Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“

    Мрежа за заштита од дискриминација и Коалиција Маргини го објавија вториот документ за јавни политики „Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“. Авторка на истражувањето е Александра Цветановска, проектна координаторка и правна советничка од Македонското здружение на млади правници. Уредничка на публикацијата е Билјана Котевска, истражувачка координаторка од Институт…

  • Студиска посета во Келн, Германија

    Во периодот 3-7 октомври, Христина Здравеска од нашата организација беше дел од Студиската посета во Келн Германија како дел од Регионалната програма за верски слободи за Западен Балкан на Националниот Демократски Институт. 5-дневната посета започна со Централната џамија во Келн и Форумот Моше. Централната џамија во Келн е објект направен од Турско-исламскиот сојуз за верски…

  • Инфографик – Интерсекциска дискриминација кон жени-Ромки и млади Роми од Прилеп

    Во текот на месец март 2022, подготвен е инфографик со резултатите од спроведени фокус-групи со жени-Ромки и млади Роми од Прилеп, кои се соочиле со дискриминација. Во него се поместени најважните податоци од искуствата на учесниците во фокус-групите, а кои се однесуваат на областите и основите за дискриминација, со посебен осврт на интерсекциската дискриминација. 2/3…

  • „Од едукација до акција: Поставен првиот систем за колективно компостирање во село Ропотово“

    Во рамки на нашите активности за зајакнување на локалните капацитети за одржливо управување со отпадот, успешно реализиравме тридневна обука за компостирање со вработените од Јавното комунално претпријатие Долнени. Работилниците беа одржани на 03.04.2025, 15.04.2025 и 06.05.2025 година во с. Ропотово, која резултираше со воспоставување систем за собирање и преработка на органски отпад на локално ниво….

  • СТАНИЦА П.Е.Т. подготви Комуникациска стратегија

    Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. подготви Комуникациска стратегија чија главна цел е подобрување на видливоста и транспарентноста во работата пред целните групи, крајните корисници и останатите засегнати страни. Комуникациската стратегија на СТАНИЦА П.Е.Т. оди во насока на остварување настратешките цели на Здружението и треба да…

  • Мапирање на диви депонии за пристап до климатска правда за маргинализираните граѓани

    Во изминатиот период, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. изработи мапи на дивите депонии во општина Кривогаштани и ромската заедница во општина Прилеп, со цел обележување и идентификување на проблемот со дивите депонии, што претставува прв чекор кон нивно решавање. Активноста се спроведе преку теренско идентификување на диви депонии во соработка со граѓаните од ромската заедница…