Летен тренинг: Дисеминација на пораки

Во периодот 5-7 јули, 2019 година во Охрид се одржа летен тренинг на тема: “Дисеминација на пораки”, во соработка со Радио „Пела“. На тренингот учествуваа промоторите во заедницата, кои се едуцираа, вежбаа и истовремено градеа меѓусебна доверба зa пренесување на пораки од индивидуални и колективни интереси. Првиот ден беше резервиран за презентирање на теоретскиот дел за пренесување на пораки, а вториот и третиот ден за практични вежби за правилно пренесување на пораки со преслушување на снимки и дискусија.

Првата сесија започна со потсетување на учесниците кои присуствуваа на минатиот семинар на тема “Јавно говорење и настапување“ за тоа што научија од истиот и како го применуваа тоа во секојдневните активности.

„Пораки од една минута“ беше темата на втората сесија. Многупати е полесно да осмислиш говор или да зборуваш еден час отколку да кажеш за две или три минути. Во денешно време кога луѓето имаат се помалку време да слушаат и да читаат многу е важно да бидеш краток и јасен за ефективно да ја пренесеш пораката. Затоа многу е полесно да се зборува еден час отколку да се креира кратка, концизна, ефективна, инспиративна и јасна порака. Во продолжение на сесијата, обучувачите ја објаснија техниката за креирање на кратки пораки наречена “KISS- Keep it short and simple“ што во превод значи “биди краток и јасен“.

Вториот ден од тренингот започна со третата сесија под наслов “Една слика – илјада зборови“. Учесниците заедно со организаторите и обучувачките, направија заедничка фотографија. Целта на оваа вежба беше учесниците со една реченица да ја опишат фотографијата и воедно да пренесат порака.

Четвртата сесија под наслов “Креирај кратка порака“ започна со поделба на различни теми од страна на обучувачките,за кои учесниците требаше на темата да напишат кратка порака.

Во петтата сесија насловена како “Говорници на порака“ , преку практични вежби на гледање и слушање на видеа и преку вербалното и невербалното говорење, можеме да ги разбереме пораките кои соговорникот сака да ни ги пренесе.

Последниот ден од летниот трениг започна со шестата и последна сесија “Слушаме и пренесуваме“. Во оваа сесија учесниците требаше да слушнат одредена порака и истата да ја пренесат. Обучувачите на еден од учесниците му ја раскажаа приказната “Дедото и репката“. Потоа учесниците требаше да си ја прераскажат приказната еден на друг одделно, за на крај пораката која треба да ја пренесат е “Заедно сплотени можеме многу повеќе да научиме“.

Заклучни согледувања:

  • Кога сакаме да пренесеме порака треба да ја користиме техниката за креирање на кратки пораки наречена “KISS- Keep it short and simple“ што во превод значи “биди краток и јасен“.
  • За ефективно и правилно да го употребиме овој метод треба да ги содржи следниве 7 елементи и тоа: да биде целосна, концизна, внимателна, поврзана, јасна, точна и трпелива.
  • Учесниците активно беа вклучени во целокупниот процес на обучувањето за десеминација на пораки, што на крај резултираше со охрабрени волонтери да комуницираат со заедницатасо цел правилно и точно да ги пренесуваат пораките за потребите и прашањата на ромското население.

Similar Posts

  • Правдата не е привилегија – дистрибуција на промотивни материјали

    Во рамки на проектот Пристап до правда за најмаргинализираните, подготвени беа промотивни материјали за информирање и едуцирање на грѓаните од маргинализираните заедници. Во периодот мај-јули 2022 година, четири посебни акции за распределба на промотивните материјали беа организирани меѓу граѓаните од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени – по една во селата каде што е активна Мобилната…

  • Средба на мултисекторски тим за спречување и заштита од родово-базирано и семејно насилство

    Во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, на 3 јуни 2025 година се одржа средба на мултисекторскиот тим во организација на Здружение Станица ПЕТ. Целта на оваа средба беше унапредување на мултисекторската соработка меѓу надлежните институции кои се вклучени во спречување и заштита од насилство врз жените и…

  • „Различностите што не поврзуваат“ – изложба на уметнички творби

    На 10 ноември 2022 година, во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше поставена изложба на уметнички творби насловена: „Различностите што не поврзуваат“. Изложбата беше организирана како завршна активност од проектот: „Организирање на заедницата за зголемена меѓу-религиска комуникација и толеранција“, кој во изминатиот период го спроведуваше Здружение Станица П.Е.Т. На изложбата беа претставени 20ина…

  • Студиска посета на Прилеп од претставници на граѓански организации од Плевља, Црна Гора

    Во периодот 23-25 септември СТАНИЦА ПЕТ беше домаќин на претставници од граѓански организации од Плевља, Црна Гора во рамки на проектот “Промовирање инклузија и толеранција преку меѓурелигиска соработка во Западен Балкан” спроведуван од Националниот Демократски Институт (НДИ). Студиската посета имаше за цел размена на знаења и искуства за промовирање на верски слободи, меѓуверски и меѓуетнички…

  • Завршен настан „Паметно зелено село за одржлива иднина“

    Денес во Ропотово официјално ги промовиравме резултатите од проектот Паметно зелено село за одржлива иднина, кој се реализираше со поддршка од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан. На настанот беа презентирани клучните постигнувања на проектот, како и наодите од предфизибилити студијата за утврдување на потенцијалот на селото и околината за изградба на соларна фарма –…

  • Интер-религиски инфо караван

    Во периодот 20-24 ноември Здружение СТАНИЦА ПЕТ во рамки на Програмата за верски слободи на Западен Балкан спроведувана од Националниот Демократски Институт, реализираше Интер-религиски инфо караван во Општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Со караванот беа опфатени околу 150 граѓани од 6 населени места во овие општини, со кои беа споделени промотивни материјали и пораки за развој и…