Едукативна работилница Сексуално и репродуктивно здравје

Сите сме слушнале за безбедно сексуално однесување, но некои од нас сеуште ризикуваат!

На ден 28.06.2019 година беше спроведена едукативна работилница, во соработка со Ј.З.У “Центар за јавно здравје“-Прилеп и д-р Аксиња Гарбеска- Кебакоска, со цел информирање на младите за повеќе прашања од сексуалното и репродуктивното здравје.

На средбата беа присутни 16 лица, во поголем број тинејџери, на кои пралелно им беше поделен промотивен материјал – флаер и брошура со корисни информации темата. На самата работилницата се зборуваше за контрацепцијата, односно што претставува и зошто треба да се користи, кои контрацептивни средства се најсоодветни за употреба од страна на младите и какви видови постојат. Исто така, се зборуваше подетално и за сексуално преносливите инфекции (СПИ), колку видови има, кои се најчестите сексуално преносливи инфекции, како се пренесуваат и како да се заштитиме од истите. Посочени беа и штетните последици по здравјето особено кај младите кои ги предизвикуваат, како и за симптомите кои ги манифестираат.

Редовните гинеколошки прегледи имаат за цел рано откривање на одредени промени и навремена интервенција. Затоа, истакната беше важноста девојките и жените редовно да прават превентивни прегледи, а оние кои се сексуално активни и ПАП-тестови. Во прилог на ова се зборуваше за едно од најчестите заболувања кај нас и во светот -рак на грлото на матката, ризик факторите, симптомите како и превенцијата. Статистиките покажуваат поразителни бројки на заболени и смртни исходи. Затоа е од животна важност секоја жена да направи гинеколошки преглед барем еднаш годишно.

Дополнително се зборуваше и за тоа што ако се случи несакана бременост. Нормално е да се чувствува збунетост и страв, па затоа истакната беше потребата во тој момент од разговор со луѓето на кои им веруваме, со цел да се донесе правилна одлука. Во одредени случаи кога е потребно треба да се разговара и со професионално лице. Доколку се одлучи да се прекине бременоста, тоа да се направи исклучиво во Болничка здравствена установа од страна на специјалист-гинеколог, со соодветна опрема и медицнски третман.

По презентацијата следуваше кратка дискусија помеѓу присутните и прашања поврзани со темата.

Similar Posts

  • Студиска посета на Прилеп од претставници на граѓански организации од Плевља, Црна Гора

    Во периодот 23-25 септември СТАНИЦА ПЕТ беше домаќин на претставници од граѓански организации од Плевља, Црна Гора во рамки на проектот “Промовирање инклузија и толеранција преку меѓурелигиска соработка во Западен Балкан” спроведуван од Националниот Демократски Институт (НДИ). Студиската посета имаше за цел размена на знаења и искуства за промовирање на верски слободи, меѓуверски и меѓуетнички…

  • Ден на добри дела  2025

    На ден 07.04.2025 година, како дел од Светскиот ден на добри дела 2025, се одржа Волонтерска еколошка акција во околината на Прилепското езеро во Прилеп. Активноста се реализираше со поддршка на 20 волонтери ученици од ООУ „Добре Јованоски“ и средношколци од младинските клубови на Здружение Станица ПЕТ, кои заеднички ја чистеа околината на Прилепското езеро…

  • (НЕ)ОДГОВОРНОСТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА НАЈРАНЛИВИТЕ ГРАЃАНИ ВО УСЛОВИ НА КРИЗА

    Реакција на граѓанските организации за ненавременото и несоодветното постапување на институциите при решавањето на проблемите на ранливите и маргинализирани заедници КОВИД-19 не одбира кого ќе зарази, не дискриминира, но последиците – здравствени, социјални и економски – не се исти за сите. Не се исти можностите за спроведување на превентивните мерки за заштита од зараза, одржување…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. со едукативна активност за борба против корупција

    “Обезбедувањето на континуитет на правната едукација за борба против корупција на граѓаните придонесува кон разбивање на митот околу негативната појава како апстрактна, страшна и недостижна за обичниот граѓанин. Секој има право да биде информиран како да препознае и пријави корупција и судир на интереси.“ На 15.03.2021 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т….

  • СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита – дистрибуција на суплементи и брзи тестови за превенција од Ковид-19

    Во периодот јули-август 2021 година, здравствените промотори на Станица П.Е.Т. идентификуваа 20 семејства од ранливи категории каде што има зголемен ризик за појава на Ковид-19 поради специфичните материјални околности во кои се наоѓаат, а се претежно од ромската заедница во општина Прилеп. Така, на овие семејства промоторите во заедницата им поделија брзи антигенски тестови, како и…

  • Модата, отпадот и нашите избори: младите учеа за одржлива мода и управување со текстилен отпад

    Денес во просториите на СТАНИЦА ПЕТ се одржа едукативната работилница „Модата, отпадот и нашите избори“, организирана во соработка со Тексомак – колективен постапувач со текстилен отпад. На настанот учествуваа 20 млади лица заинтересирани да научат повеќе за влијанието на модната индустрија врз животната средина и за начините на кои секој од нас може да придонесе…