ПЛАТНЕНА ТОРБА (2019)

Температурите растат, но активностите не се намалуваат!

Во текот на јули 2019, нашите Промотори во заедницата повторно реализираа повеќе неформални посети на поединци и домаќинства заради информирање за здравствените права.

Темите овојпат се однесуваа на начинот и постапката на остварување на правата на итна медицинска помош и правото на домашно лекување, како и разграничувањето помеѓу овие две кое често предизвикува забуни кај населението. Едукацијата се остваруваше преку делење на промотивен материјал – платнена торба на која од двете страни беа појаснети начинот и постапката за остварување на овие две права. Со оваа активност беа опфатени 50тина семејства од Прилеп.

Similar Posts

  • ЧАДОР (2022)

    Промотивен материјал – чадор. Точна информација – успешно лекување!Во периодот октомври-ноември, 2022 година, беше подготвен и дистрибуиран промотивен материјал со порака за важноста од споделување на навремени и точни информации со пациентите, како клучен фактор кој води кон успешен процес на лекување и заштита на правата на пациентите.Пораката произлезе од работата на нашите здравствени промотори…

  • Дивите депонии не исчезнуваат сами од себе – нивното чистење го плаќаме сите.

    Дивите депонии не исчезнуваат сами од себе – нивното чистење го плаќаме сите. Во инфографикот погледнете колку депонии биле исчистени во Општина Прилеп во 2024 и 2025 година од страна на ЈКП Комуналец Прилеп, колкава количина отпад била отстранета и колку средства биле потрошени. Отпадот има свое место. Со одговорно одлагање на отпадот придонесуваме за…

  • Колку средства се издвојуваат за животна средина во Општина Прилеп и за која намена?

    Колку средства се издвојуваат за животна средина во Општина Прилеп и за која намена? *Информативниот материјал е подготвен во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена…

  • ЧАДОР (2019)

    Заштитата е универзална. Не само од дождот, нашите чадори испраќаат пораки и за вашето здравје. Во периодот септември-октомври 2019, нашите Промотори во заедницата беа активни во информирање за заштита и унапредување на здравјето на децата и репродуктивното здравје на возрасните, преку редовна вакцинација и користење на контрацептивни средства. Пораки на овие теми беа пренесени на…

  • ПАПКА ЗА ДОКУМЕНТИ (2019)

    Едукацијата се прави и на улица, на кафе кај пријателите, низ муабет со комшиите… Активизмот не е работа, тоа е начин на живот! Во периодот мај-јуни 2019, нашите Промотори во заедницата беа активни во неформална едукација на населението за постапката за остварување на правото на здравствено осигурување на лица кои штотуку наполниле 18 години, преку…

  • Инклузивна психосоцијална поддршка

    Зошто е важна психосоцијалната поддршка за жртвите на родово базирано и семејно насилство? Не плаши се да побараш помош! Направи го првиот чекор! Охрабрувањето и поддршката менуваат сè. Оваа публикација е изработена со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Здружение за правна едукациjа и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп…