Дистрибуција на промотивен материјал

Не мораш да поминуваш низ насилството сам/а. Поддршката постои.


Во изминатиот период, во рамките на активностите на здружението беше изработен и дистрибуиран промотивен материјал – Информативни картички со кои преку инклузивни пораки и информации за поддршка на жртви на семејно и родово базирано насилство  од маргинализирани групи беа споделени информации за психосоцијална поддршка и за Центарот за зајакнување и поддршка кој функционира во рамките на Станица ПЕТ.

Картичките беа дисеминирани на дискретни и безбедни места: здравствени установи, аптеки, книжарници, локални кафулиња и преку партнери од заедницата. Со ова се обезбеди сигурен, недискриминаторски и достапен канал за сите жртви на насилство, вклучително и за оние кои припаѓаат на маргинализирани групи и кои често се соочуваат со дополнителна стигма.

Во рамките на Центарот за зајакнување и поддршка, обезбедуваме инклузивна психосоцијална поддршка за жртви на родово базирано и семејно насилство од маргинализирани групи.

Што нудиме?

  • Индивидуални и групни психосоцијални сесии
  • Советување и упатување до соодветни услуги
  • Поддршка за справување со траума и последиците од насилството
  • Безбеден, доверлив и недискриминаторски пристап

Родово базираното и семејното насилство остава последици кои не се секогаш видливи. Стравот, анксиозноста, чувството на вина, изолацијата и несигурноста можат да останат долго по насилството.

Веруваме дека секој човек заслужува достоинство, почит и безбедност без оглед на полот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, етничката припадност или која било друга лична карактеристика.

Контактирај нè на [email protected] или на +389 76 278 753 (достапен и на Viber и WhatsApp). Секој разговор е доверлив, а нашиот тим е тука да те сослуша и поддржи.


*Публикацијата (информативни картички) е изработена со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Здружение за правна едукациjа и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.

Similar Posts

  • Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“

    На 30.11.2021 година во Белград, се одржа конференција Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?”, на која учествуваа претставници на Европската Унија, релевантни институции, невладини организации и медиуми од регионот, кои дискутираа за главните проблеми со системите за јавни набавки во државите од Западен Балкан. Весна Шапкоски од СТАНИЦА П.Е.Т. имаше свое излагање во рамки на…

  • Завршен настан „Паметно зелено село за одржлива иднина“

    Денес во Ропотово официјално ги промовиравме резултатите од проектот Паметно зелено село за одржлива иднина, кој се реализираше со поддршка од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан. На настанот беа презентирани клучните постигнувања на проектот, како и наодите од предфизибилити студијата за утврдување на потенцијалот на селото и околината за изградба на соларна фарма –…

  • Партнерската организација Centar Manjinske Zajednice во посета на Прилеп

    Со цел промоција на меѓурелигискиот и меѓуетничкиот дијалог преку заеднички колективни акции, во периодот 27-28 јули, претставници на партнерската организација Centar Manjinske Zajednice  од Косово беа во студиска посета на Прилеп и нашето здружение. Студиската посета се реализираше во соработка помеѓу NDI Косово и NDI Северна Македонија со цел зголемување на соработката помеѓу „сестринските општини“…

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство Овој повик има за цел избор на позната личност (инфлуенсер/ка)…

  • Летен тренинг: Дисеминација на пораки

    Во периодот 5-7 јули, 2019 година во Охрид се одржа летен тренинг на тема: “Дисеминација на пораки”, во соработка со Радио „Пела“. На тренингот учествуваа промоторите во заедницата, кои се едуцираа, вежбаа и истовремено градеа меѓусебна доверба зa пренесување на пораки од индивидуални и колективни интереси. Првиот ден беше резервиран за презентирање на теоретскиот дел за пренесување…

  • Со магарето Марко на патот кон забрзаниот развој!

    На 19 јуни 2023 година, свечено ја промовиравме редовната шпедитерска линија Прилеп-Липов Дол-Витолиште, со која жителите од мариовскиот регион конечно ќе имаат редовен превоз до и од Прилеп. Се стигнува за само 8 часа, а билет плаќа кој колку има! Најеколошка и засега единствена опција за организиран јавен превоз до овие места. Со оваа креативна акција…