Oнлајн сесија за добри локални практики за животна средина: РЕДИ Рециклажа

На 29 јуни 2026 година, Здружение СТАНИЦА ПЕТ организираше онлајн сесија посветена на иницијативата REDI Recycling, која се одржа преку платформата Zoom, со паралелен пренос во живо на Facebook.

Гостин на настанот беше Лејла Зекировска, проектен менаџер во Иницијативата за економски развој на Ромите – REDI, која ја презентираше иницијативата REDI Рециклажа – ромско социјално претпријатие кое работи на формализирање на неформалните собирачи на отпад и нивно препознавање како „Зелени агенти“. Преку својата работа, иницијативата придонесува кон развојот на циркуларната економија, подобрување на селекцијата на отпадот, особено пластика и хартија, како и кон создавање достоинствени можности за вработување и социјална инклузија на ранливите категории граѓани.

Во текот на сесијата беа презентирани искуствата од воспоставувањето и функционирањето на REDI Рециклажа, постигнатите резултати, како и предизвиците со кои се соочува иницијативата. Се разговараше и за можностите ваквиот модел да се преслика во други општини, како и за важноста на соработката помеѓу граѓанските организации, локалните самоуправи, јавните претпријатија и приватниот сектор во создавањето одржливи системи за управување со отпад.

Посебен интерес предизвика Facebook преносот во живо, преку кој следачите активно се вклучија во дискусијата со прашања и коментари. Најголем дел од прашањата се однесуваа на обезбедувањето долгорочна одржливост на иницијативата, можностите моделот да се имплементира во помали и рурални средини, потребните човечки, финансиски и институционални ресурси за започнување на вакви иницијативи, предизвиците кои можат да се појават при имплементација, како и предусловите за успешно формализирање на неформалните собирачи на отпад.

Настанот претставуваше значајна можност за размена на знаења и добри практики, поттикнувајќи дискусија за иновативни пристапи кон заштитата на животната средина, развојот на циркуларната економија и унапредувањето на локалниот активизам.

*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

Similar Posts

  • Средба на мултисекторски тим за спречување и заштита од родово-базирано и семејно насилство

    Во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, на 3 јуни 2025 година се одржа средба на мултисекторскиот тим во организација на Здружение Станица ПЕТ. Целта на оваа средба беше унапредување на мултисекторската соработка меѓу надлежните институции кои се вклучени во спречување и заштита од насилство врз жените и…

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ ЗА ХРАНА

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие…

  • Промотивен материјал со порака: точна информација за успешно лекување

    Во периодот октомври-ноември, 2022 година, беше подготвен и дистрибуиран промотивен материјал со порака за важноста од споделување на навремени и точни информации со пациентите, како клучен фактор кој води кон успешен процес на лекување и заштита на правата на пациентите.Пораката произлезе од работата на нашите здравствени промотори во заедницата и од актуелизирањето на повеќе случаи…

  • Креативна акција: „Информирај се, Пријави се и Вакцинирај се!“

    Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. од Прилеп, заедно со партнерските организации и тоа: Здружение за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје), Национален Ромски Центар (Куманово), ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците од Скопје, Центарот за современи уметности од Скопје и Фондацијата Отворено општество – Македонија, во…

  • Анти-корупцијата во здравството низ призмата на теренската работа

    Во рамки на проектот: „Анти-корупција во здравството и образованието на локално ниво“, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија, на 15.09.2020 година, Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. организираше делење на промотивен материјал од врата – на врата до граѓаните во заедницата презентирајќи ги податоците добиени од истражувањето за анти-корупцијата во здравството. Согласно спроведените индивидуални интервјуа и фокус…

  • МРЕЖАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА БАРА ИЗБОР НА СТРУЧНИ И КОМПЕТЕНТНИ ЛИЦА ВО ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

    Мрежата за заштита од дискриминација континуирано ја следи  работата на Народниот правобранител како национална институција за човекови права и во последните неколку години има идентификувано повеќе пречки во целокупното нејзино функционирање кои ја ослабуваат нејзината ефикасност и ефективност како институција и ја спречуваат во комплетно исполнување на нејзините надлежности. Меѓу најгорливите се недостатокот на рамномерна…