ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ОСВЕЖУВАЊЕ (ПИЈАЛАЦИ)

Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.

Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски и социјален статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.

Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.

Проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот е поддржан од Француската Развојна Агенција – Expertise France.

1. Предмет на јавниот повик

Предмет на овој јавен повик е доставување понуди за набавка и испорака на освежување (пијалаци), наменети за учеснички на интерактивни локални работилници и настани во рамки на проектните активности.

2. Опис на набавката

Набавката на освежување е наменета за вкупно 300 лица, во рамки на 20 интерактивни локални работилници, со просечен број од 15 учесници по работилница.

Освежувањето по лице вклучува:

Бр.ПродуктОпис
1Ладно кафе во лименка
250 мл
макијато/еспресо/капучино
2Сок 0,5 лпепси/газоза
3Вода негазирана 0,5 лпакувана негазирана вода
*Количините ќе бидат дефинирани согласно динамиката на проектните активности и бројот на учесници.

3. Право на учество

Право на учество имаат сите регистрирани правни лица кои вршат продажба и дистрибуција на пијалаци и располагаат со можност за испорака на територијата на Општина Прилеп и Општина Битола.

4. Потребна документација

Понудувачите треба да достават:

  • Основни податоци за правното лице;
  • Финансиска понуда (единечна цена по производ, вкупна цена, ДДВ – доколку е применливо);
  • Спецификација на понудените производи;
  • Услови и рок за испорака.

5. Критериуми за избор

Изборот на понудувач ќе се изврши врз основа на:

  • Усогласеност со условите од јавниот повик;
  • Квалитет и спецификација на понудените производи;
  • Услови и рок на испорака;
  • Најповолна понуда во однос на вкупната цена и условите на плаќање.

6. Рок и начин на доставување на понуди

Понудите да се достават по електронска пошта на адресата [email protected], со назнака: „Понуди за набавка на освежување“.

Краен рок за доставување на понудите е 13 февруари 2026 година.

7. Дополнителни информации

Овој јавен повик се спроведува во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“, поддржан од Француската развојна агенција – Expertise France. Изборот на понудувач ќе се изврши согласно принципите на транспарентност, еднаков третман, недискриминација и економичност, во согласност со донаторските правила и интерните процедури на спроведувачот на проектот.

Организаторот го задржува правото:

  • да побара дополнителни појаснувања или документација од понудувачите;
  • да прифати или одбие која било понуда, целосно или делумно;
  • да го поништи јавниот повик во секоја фаза од постапката, без обврска за образложување и без надомест кон понудувачите, доколку тоа е во согласност со донаторските правила.

Договорот со избраниот понудувач ќе биде склучен по одобрување, а исплатата ќе се реализира согласно одобрената проектна документација и финансиските правила.

Similar Posts

  • Oнлајн сесија за добри локални практики за животна средина: РЕДИ Рециклажа

    На 29 јуни 2026 година, Здружение СТАНИЦА ПЕТ организираше онлајн сесија посветена на иницијативата REDI Recycling, која се одржа преку платформата Zoom, со паралелен пренос во живо на Facebook. Гостин на настанот беше Лејла Зекировска, проектен менаџер во Иницијативата за економски развој на Ромите – REDI, која ја презентираше иницијативата REDI Рециклажа – ромско социјално…

  • Онлајн обука за Промоција на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и КСЗД

    Во периодот од 01-03 септември 2021 година, се одржа активноста: „Промоција на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и КСЗД во соработка со Мрежата за заштита од дискриминација“, насловена како: „Што и колку знаеме за дискриминацијата“. Целта на активноста беше учесниците да се запознаат со основните поими на дискриминацијата, новиот Закон за спречување и заштита од…

  • Мобилни правни денови – правна поддршка поблиску до граѓаните

    Во периодот од јуни до септември 2026 година, Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ реализираше четири мобилни правни денови во општините Долнени, Прилеп и Кривогаштани, преку кои 82 граѓани добија бесплатни правни совети, информации и насочување кон надлежните институции за полесно остварување на своите права. Мобилните правни денови се дел од нашите заложби…

  • „Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“

    Мрежа за заштита од дискриминација и Коалиција Маргини го објавија вториот документ за јавни политики „Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“. Авторка на истражувањето е Александра Цветановска, проектна координаторка и правна советничка од Македонското здружение на млади правници. Уредничка на публикацијата е Билјана Котевска, истражувачка координаторка од Институт…

  • Партнерската организација Centar Manjinske Zajednice во посета на Прилеп

    Со цел промоција на меѓурелигискиот и меѓуетничкиот дијалог преку заеднички колективни акции, во периодот 27-28 јули, претставници на партнерската организација Centar Manjinske Zajednice  од Косово беа во студиска посета на Прилеп и нашето здружение. Студиската посета се реализираше во соработка помеѓу NDI Косово и NDI Северна Македонија со цел зголемување на соработката помеѓу „сестринските општини“…

  • Хелсиншки Комитет за човекови права во партнерство со Станица П.Е.Т. и ХОПС дел од акциските грантисти на Цивика

    ЗДРУЖЕНИЕ ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА – СКОПЈЕ Во партнерство со Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп  Вкупен буџет: 2.599.154 МКД Времетраење: 13 месеци КОНСТИТУЕНТИ Конституентите се разновидни во однос на неколку социо-демографски карактеристики како што се социјалниот статус, возраста, образованието, етничкото потекло и родот. Меѓу конституентите се вбројуваат: претставници од руралните…