На 24.01.2025 година, официјално започна со работа Зелениот ресурсен хаб лоциран во зградата на Општина Долнени (с. Ропотово)!


Целта на хабот е да служи како централен ресурс за едукација и информирање на заедницата за одржливо земјоделство, енергетски ефикасни практики и користење на обновливи извори на енергија.



Хабот ќе биде активен во два дена неделно, и тоа еден ден за советување и информирање и еден ден за теренски посети.



Со ова отворање беа најавени низа од последователни активности кои ќе се реализираат во соработка со Општина Долнени насочени кон преработка на отпад, производство на органско ѓубриво, но и анализа на потенцијалот на Ропотово и околината за поставување на капацитети за производство на енергија од обновливи извори.




Работата на хабот е поддржана од Општина Долнени и градоначалникот Урим Ибески, кои за потребите на активноста бесплатно ја отстапија просторијата на Советот на општината.
*Активноста е дел од проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“ кој се спроведува со поддршка од Фондации Отворено Општество Западен Балкан.