ОТВОРЕН ПОВИК за избор на два експерти за дизајнирање и водење на „Школата за родова еднаквост“

Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп како носител на Проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“,  кој е финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас што се спроведува во партнерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ – Прилеп и Мултиетничко здружение за сите возрасти с. Црнилиште Долнени објавува:

ОТВОРЕН ПОВИК

за избор на два експерти за дизајнирање и водење на „Школата за родова еднаквост“

ВОВЕД

Овој документ содржи упатства за заинтересираните апликанти да одговорат на отворениот повик за избор на два експерти за дизајнирање и водење на „Школата за родова еднаквост“ каако дел од проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“.

Целта на „Школата за родова еднаквост“ е да зајакне група граѓани од Пелагонискиот регион со сеопфатно познавање на принципите и практиките за родова еднаквост. По завршувањето на школата, учесниците ќе имаат можност да се вклучат како родови промотори и активно ќе бидат вклучени во другите проектни активности.

  1. Краток опис на проектот

Цели на проектот:
Општа цел:
Зајакнат граѓански ангажман за поголема родова еднаквост кај маргинализираните заедници од Пелагонискиот регион.

Специфични цели:
С.Ц.1: Подобрување на координацијата и поддршка за иницијативите за родова еднаквост помеѓу клучните институции во Пелагонискиот регион.
С.Ц.2: Поттикнување на жените/девојките и мажите/момчињата да се ангажираат како промотори за родова еднаквост.
С.Ц.3: Зголемување на знаењето и пристапот до услуги за остварување на права.

Резултати:
Р.1: Засилена соработка и ангажман со клучните институции во Пелагонискиот регион.
Р.2: Зајакнати капацитети на руралните и мултиетничките заедници и инклузивна застапеност.
Р.3: Зголемена свест и поддршка на заедницата за иницијативи за родова еднаквост и права за репродуктивно здравје.

II Опис на работните задачи

Понудувачите на обуката треба да обезбедат обука за 20 лица од Пелагонискиот регион, со цел да се стекнат со вештини и знаења за родова еднаквост, со сеопфатно познавање на принципите и практиките за родова еднаквост.

Обуката треба да опфати три дена едукација и еден ден сублимирање и евалуација. Обуката да биде поделена на четири посебни периоди, при што секој период ќе се состои од ден за обука проследен со една недела за учесниците да ги завршат домашните задачи. Во текот на следните сесии, учесниците да ги презентираат резултатите од своите домашни задачи и да се вклучат во дискусии за нова содржина. Завршната сесија да се фокусира на синтетизирање на учењата од претходните сесии, нивно споредување со моменталната состојба во општините и евалуација на ефективноста на обуката и обучувачите.

Програмата за школата треба да донесе зајакнати капацитети во разбирањето и застапувањето на принципите и практиките за родова еднаквост на 20 учесници, развиена сеопфатна наставна програма прилагодена на уникатните потреби и потекло на учесниците, разновиден опсег на едукативни материјали за читање и интерактивни вежби, евалуации, спроведени преку анкети, дискусии и поединечни сесии за повратни информации, сеопфатни извештаи за проценка кои ги детализираат резултатите и достигнувањата на програмата за обука, соопштенија за јавноста и интервјуа.

Експертите ќе имаат обврска да ја дизајнираат и развијаат наставната програма за школата, да поттикнуваат дискусии, активности и интерактивни сесии за да го подобрат учењето и ангажираноста на учесниците, да ги приспособат содржината и методологиите за да ги задоволат специфичните потреби на учесниците, да ги проценат резултатите и да ги приспособат наставните стратегии по потреба.

Секој од експертите ќе има обврска за извршените задачи да изготви извештај за реализација на обуката и евиденција за работни часови (time sheet).

III Тип на договор, надоместок и рокови

Ангажманот на експертите ќе се регулира со договор за авторско дело, во согласност со позитивните законски прописи и проектната апликација.

Вкупниот надоместок за еден експерт  не може да изнесува повеќе од 65.000 денари.

Школата за родова еднаквост е предвидено да се реализира во периодот ноември-декември, 2024 година.

IV Потребни квалификации

Пријавените треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:

• Завршено високо образование од областа на општествени науки.

  • Познавање на Англиски јазик

• Минимум 5 години соодветно работно искуство.

•Одлично познавање на моменталната состојба со законите, правилата и прописите на националното и локално законодавство и легислатива поврзани со родовата рамноправност.

  • Одлично познавање на меѓународните документи кои ја регулираат родовата рамноправност и решенијата во ЕУ државите.

• Претходно искуство во исти или слични ангажмани.

V Потребна документација

Понудата треба да го содржи следново:

• Лична биографија (CV)

• Писмо за интерес со референци за претходно работно искуство

• Листа на претходно реализирани обуки (по можност и препораки)

  • Финансиска понуда

VI Критериум за избор:

Добиените апликации ќе бидат разгледани, оценети и евалуирани од страна на комисија основана од Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп и партнерите на проектот. Некомплетните апликации и апликациите добиени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани за понатамошна евалуација.  Сите примени понуди прво ќе бидат предмет на административна проверка. Понудите кои ќе ја поминат административната проверка ќе бидат предмет на проверка на експертиза техничка, и финансиска евалуација.

• VII Рок за пријавување

Понудите треба да се достават најдоцна до 12 ноември 2024 (16,00 часот) година по електронска пошта на: [email protected],  или директно или по пошта во канцелариите на Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп  на ул. Димо Наредникот бб (зграда Ерик) , во затворен плик со назнака „Апликација за експерти за „Школа за родова еднаквост“.

Дополнителни информации

Дополнителни информации за повикот за експерти можете да добиете со испраќање на маил на [email protected]

Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп како носител во парнтерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ – Прилеп и Мултиетничко здружение за сите возрасти с. Црнилиште Долнени и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Similar Posts

  • Од отпад до храна за земјата – успешен циклус на компостирање во Ропотово

    Во периодот мај–октомври 2025 година, во село Ропотово се спроведуваше процесот на колективно компостирање на органски отпад. Со помош на поставените три станици за собирање на органски отпад и една станица за компостирање, локалните жители, заедно со вработените во комуналното претпријатие и тимот на СТАНИЦА ПЕТ, се грижeа и го одржуваа материјалот додека компостот „зрееше“…

  • ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ОД ИЗГРАДБАТА НА КОРИДОР 10 Д (ПРИЛЕП – БИТОЛА)

    Претставници на Здружението СТАНИЦА ПЕТ учествуваа на јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот „Изградба на Коридор 10 Д, делница на автопат: Прилеп – Битола“, која се одржа во Прилеп и Битола во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање. На почетокот на настанот, накратко беше презентирана…

  • Ден на добри дела 2026

    „Добро дело е кога создаваме момент на топлина, надеж и храброст“. На ден 20.04.2026 година, како дел од Светскиот ден на добри дела 2026, организиравме акција: „Пакет Топол Момент – Добро дело што грее одвнатре“. Волонтерската акција се реализираше со поддршка на 20 волонтери ученици од средните училишта и ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп, кои…

  • Трета средба на мултисекторски тим

    Во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, на 30 април 2026 година  се одржа третата средба на мултисекторскиот тим во организација на Здружение Станица ПЕТ. Целта на оваа средба беше зајакнување на мултисекторската соработка помеѓу институциите со фокус на раната идентификација и упатување на жртви, односно начинот на кој институциите…

  • Бараме Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

    Реакција на Мрежата за заштита од дискриминација Собранието на Република Северна Македонија на 31-та седница закажана за 12.1.2020 година не ја изгласа Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Седницата беше прекината поради немање на кворум за работа на Собранието, со што изборот на членови на институцијата повторно се…

  • СТОП за труењето! – еколошка правда за граѓаните на Прилеп

    Правото на здрава и безбедна животна средина е неприкосновено и никој не смее да го загрозува за било каков интерес, најмалку бизнис или политички! Како здружение кое работи на заштита и унапредување на правата на граѓаните за безбедна и здрава животна средина, Станица ПЕТ на 12.09.2023 година поднесе пријава до повеќе институции за досегашното непостапување…