ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на надворешен соработник од областа на психологија/социологија

Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Локален сервис за зајакната реинтеграција и ресоцијализација“  поддржан од Европската унија, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

За ангажирање на еден (1) надворешен соработник од областа на психологија/социологија

Општи информации за Проектот

            СТАНИЦА П.Е.Т. го спроведува проектот: „Локален сервис за зајакната реинтеграција и ресоцијализација “.Општа цел на Проектот е зајакнување на осудените лица преку подобрување на можностите и условите за нивна ресоцијализација и реинтеграција на локално ниво. Проектот е финансиски поддржан од Европска Унија а се спроведува од Македонското здружение на млади правници, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Македонското пенолошко друштво и Здружението за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанции ИЗБОР.     

Опис на активноста предмет на овој повик

            Ангажманот предмет на овој повик е потребен заради спроведување на Активностите:

А.1. Обезбедување на услуги и директна поддршка на поранешни осудени лица и лица спрема кои се извршуваат пробациски работи.

А.2. Обезедување на услуги во КПУ Затвор Прилеп на осудени лица кои ги издржуваат последните 6 месеци од казната.

Цели, работни задачи и производ од ангажманот

  • Обезбедување на директна психолошка помош и поддршка на поранешни осудени лица и лица спрема кои се извршуваат пробациски работи како и советување и вклучување во специфични програми за зависност од дрога/алкохол.
  • Обезбедување на услуги на психосоцијална поддршка и советување во КПУ Затвор Прилеп на осудени лица кои ги издржуваат последните 6 месеци од казната.
  • Учество во подготовка на Индивидуални планови за реинтеграција на поранешно осудени лица и лица спрема кои се вршат пробациски работи.
  • Учество во периодични средби за следење на имплементацијата на подготвените индивидуални планови.
  • Соработка со проектниот тим за време на ангажманот како и со претставници од КПУ Затвор Прилеп, Центар за социјална работа Прилеп, АВРСМ-Центар за вработување Прилеп, Канцеларија за пробација Прилеп.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (психологија/социологија);
  • Работно искуство во областа најмалку 1 година;
  • Искуство во работење или комуникација со целните групи на проектот ќе се смета за особена предност;
  • Строго почитување рокови.

Заинтересираните за овој повик треба да ги достават следниве документи:

  • CV (кратка биографија) со релевантно искуство;
  • Мотивационо писмо.

Сите кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Вид на позиција: упразнета

Времетраење на договорот: 10 месеци

Ве замолуваме, целосната документација да ја доставите на е-маил: [email protected], најдоцна до 20.10.2023 година, до 12 часот, со назнака: за јавен оглас.

Similar Posts