Јавен настан – изложба 22 Април – Ден на планетата земја

На 22 Април 2023 година, пред ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше организиран јавен настан – креативна еколошка изложба на photo voice изработки насловена како: „Планетата те повикува“. Изложбата на photo voice беше организирана како дел од активностите на проектот кој го спроведува здружението, финансиран од Мрежата за правно зајакнување (Legal Empowerment fund), а по повод 22 Април – Ден на планетата земја.

За време на изложбата, граѓаните имаа можност да прочитаат некои факти и начини за заштита на животната средина и да се потсетат дека нашата планета, реки, патишта и отворени површини не се места за изложба на отпад.

Со изложбата на photo voice фотографии на еден креативен начин, граѓанскиот сектор уште еднаш укажа на потребата од зголемување на свеста за правилна селекција на отпадот и намалување на дивите депонии како би се заштитила животната средина, но и севкупното здравје на граѓаните.

Similar Posts

  • Мобилен правен ден – Ропотово

    Јулското сонце не е пречка кога целта е правдата да биде поблиску до луѓето. На 06 јули го спроведовме првиот Мобилен правен ден во с. Ропотово, Општина Долнени, каде граѓаните добија советување, информации и поддршка за остварување на своите социјални и други права. Теренската работа не е само административна поддршка, таа значи да се биде…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. подготви Комуникациска стратегија

    Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. подготви Комуникациска стратегија чија главна цел е подобрување на видливоста и транспарентноста во работата пред целните групи, крајните корисници и останатите засегнати страни. Комуникациската стратегија на СТАНИЦА П.Е.Т. оди во насока на остварување настратешките цели на Здружението и треба да…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен ден за Борба против корупција

    На 25.12.2020 година, СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен инфо ден за Борба против корупција. Инфо денот беше наменет за граѓаните на општина Прилеп кои се информираа како да препознаат и пријават корупција и судир на интереси. Воедно, на граѓаните им беа поделени нотеси со едукативна содржина изработени во рамките на проектот. Едукативниот ден се одржа во рамките на…

  • Инфо сесија: Со полни 18 години здравственото осигурување е твоја обврска!

    На ден 16.05.2019 година се одржа информативна сесија на тема: „Со полни 18 години здравственото осигурување е твоја обврска!“. Потребата од овој настан се појави во текот на секојдневната работа на здружението при што беа идентификувани повеќе случаи на лица со полни 18 години кои се соочиле со прекин на правото на здравствено осигурување кога…

  • ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ОД ИЗГРАДБАТА НА КОРИДОР 10 Д (ПРИЛЕП – БИТОЛА)

    Претставници на Здружението СТАНИЦА ПЕТ учествуваа на јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот „Изградба на Коридор 10 Д, делница на автопат: Прилеп – Битола“, која се одржа во Прилеп и Битола во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање. На почетокот на настанот, накратко беше презентирана…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. ја зголемува транспарентноста преку објавување на Ревизорски извештај за 2019 година

    Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., во соработка со овластена Ревизорска куќа подготви Ревизорски извештај за 2019 година кој има за цел подобрување на организациските практики за транспарентно известување за постигнувањата и резултатите на здружението. Ревизорскиот извештај беше изработен во текот на месец октомври 2020 година чија…