Доставена е Петиција за отворање на нови градинки до Општина Прилеп

На 28.02.2023 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. ја достави Петицијата со барање до Градоначалникот и Советот на Општина Прилеп за исполнување на ветените активности за изградба/доградба и пуштање во употреба на новите капацитети за предучилишна возраст. Петицијата беше подготвена во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година.

Петицијата беше подготвена во текот на месец јануари со прибирање на заклучоци и препораки после спроведување на форумите во заедницата и добиените одговори од Општина Прилеп на барања за пристап до информации од јавен карактер. Во месец февруари, петицијата проциркулира за потпишување до засегнати граѓани и родители на деца во предучилишна возраст, при што беа собрани 137 потписи за рекордно кратко време.

Петицијата беше доставена до Градоначалникот и Советот на Општина Прилеп, од кои се очекува исполнување на ветените активности за изградба/доградба и пуштање во употреба на новите капацитети за предучилишна возраст, како што беше најавено во предизборната кампања во 2021 година.

Целосната верзија на петицијата можете да ја најдете тука.


Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот. #ChinMK

Similar Posts

  • СТОП за труењето! – еколошка правда за граѓаните на Прилеп

    Правото на здрава и безбедна животна средина е неприкосновено и никој не смее да го загрозува за било каков интерес, најмалку бизнис или политички! Како здружение кое работи на заштита и унапредување на правата на граѓаните за безбедна и здрава животна средина, Станица ПЕТ на 12.09.2023 година поднесе пријава до повеќе институции за досегашното непостапување…

  • КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ОСТАНУВА ДА СЕ ИЗБИРА ПО ПАТ НА ПАРТИСКИ ДОГОВОР?!

    На 21.10.2020 година одржана беше седница на Комисијата за европски прашања и Законодавно –правната комисија на Собранието на Република Северна Македонија на кои на дневен ред беше Предлог – Законот за спречување и заштита од дискриминација, попрецизно неговото второ читање и разгледување на поднесените амандмани. Од поднесените амандамани ниту еден не беше усвоен. Еден од…

  • (НЕ)ОДГОВОРНОСТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА НАЈРАНЛИВИТЕ ГРАЃАНИ ВО УСЛОВИ НА КРИЗА

    Реакција на граѓанските организации за ненавременото и несоодветното постапување на институциите при решавањето на проблемите на ранливите и маргинализирани заедници КОВИД-19 не одбира кого ќе зарази, не дискриминира, но последиците – здравствени, социјални и економски – не се исти за сите. Не се исти можностите за спроведување на превентивните мерки за заштита од зараза, одржување…

  • Учество на промотивен настан за следење на изборните ветувања

    На 31 октомври, во организација на Strategic Management Systems – SMS во Битола се одржа промотивен настан „Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања – искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации“. На настанот свое излагање имаше Маја Петанческа, проектен координатор во СТАНИЦА ПЕТ која го презентираше искуството од мониторингот на…

  • Летна школа: „Fostering Collective Action on Religious Freedom in the Western Balkans“

    Како дел од Програмата за поттикнување на колективна акција за верски слободи во Западен Балкан спроведувана од NDI North Macedonia, претставници на нашето здружение беа дел од летната школа, која се реализираше во периодот од 17 – 21 јули 2023 година. За време на школата учесниците имаа можност да споделат искуства, предизвици, успешни приказни и научени лекции…

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ОСВЕЖУВАЊЕ (ПИЈАЛАЦИ)

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие…