„Различностите што не поврзуваат“ – изложба на уметнички творби

На 10 ноември 2022 година, во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше поставена изложба на уметнички творби насловена: „Различностите што не поврзуваат“. Изложбата беше организирана како завршна активност од проектот: „Организирање на заедницата за зголемена меѓу-религиска комуникација и толеранција“, кој во изминатиот период го спроведуваше Здружение Станица П.Е.Т.

На изложбата беа претставени 20ина уметнички претставувања кои беа изработени од учесниците на Интер-религиската школа за комуникации, од различни религиозни групи и граѓански организации.

На настанот свое обраќање имаа г-динот Ерик Мејер, заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Северна Македонија, Иван Стефановски – програмски офицер во Националниот Демократски Институт и Весна Шапкоски – извршна директорка на СТАНИЦА П.Е.Т.

Со овој настан Станица П.Е.Т. испрати јасна порака за тоа дека различностите се богатството на нашето општество и дека наместо да ги потиснуваме, ние треба гласно и без ограничувања да ги истакнеме, и да покажеме дека во тие различности е нашето единство и уникатност.

*Активноста се спроведе во рамки на проектот Организирање на заедницата за зголемена меѓу-религиска комуникација и толеранција, имплементиран со поддршка од NDI North Macedonia.

Similar Posts

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство Овој повик има за цел избор на позната личност (инфлуенсер/ка)…

  • Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“

    На 30.11.2021 година во Белград, се одржа конференција Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?”, на која учествуваа претставници на Европската Унија, релевантни институции, невладини организации и медиуми од регионот, кои дискутираа за главните проблеми со системите за јавни набавки во државите од Западен Балкан. Весна Шапкоски од СТАНИЦА П.Е.Т. имаше свое излагање во рамки на…

  • Интерна обука за креирање на Комуникациска стратегија

    „Комуникацијата и претставувањето во јавноста се клучни за транспарентноста и видливоста на организацијата.“ Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, кој го спроведува Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., на 18.09.2020 година, во просториите на здружението се одржа Интерна обука за креирање на Комуникациска стратегија. Проектот се спроведува во периодот јуни-ноември 2020…

  • Јавна изложба: „Младите заедно за помирување, толеранција и градење на доверба“

    На ден 14.05.2024 година, беше организирана јавна изложба на уметнички дела од учесниците на дводневната уметничка работилница, на која 22 млади луѓе од различни заедници ги искажаа своите ставови и идеи за тоа што значи за нив помирување и градење мир. Со оваа јавна изложба испративме јасна порака дека уметничкото творештво може да се претстави пред пошироката…

  • Втора средба на мултисекторски тим за спречување и заштита од родово-базирано и семејно насилство

    Во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, на 27 август 2025 година се одржа втората средба на мултисекторскиот тим во организација на Здружение Станица ПЕТ. Целта на оваа средба беше: На средбата се дискутираа конкретни случаи на родово базирано и семејно насилство и беа идентификувани сериозни системски предизвици:…

  • Прва еко-акција ЗЕЛЕН ПЕТОК: „Мапа на еко-грижи и идеи“

    На 31 октомври 2025 година, на плоштадот Методија Андонов Ченто во Прилеп, ја одржавме првата еко-акција во рамките на иницијативата ЗЕЛЕН ПЕТОК под наслов „Мапа на еко-грижи и идеи“.Настанот се одржа од 11:00 до 13:00 часот и имаше за цел да ја поттикне граѓанската свест и активното учество во подобрувањето на животната средина преку креативен,…