Станица П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп

СТАНИЦА П.Е.Т. е добитник на награда – плакета 3ти Ноември за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права.


На свечената седница на Советот на Општина Прилеп која се одржа во собраниската сала на Општина Прилеп, по повод Денот на ослободувањето на Прилеп 3-ти Ноември, на здруженија и поединци им беа доделени плакети и дипломи.

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, по повод 3-ти Ноември оваа година доделија три награди за животно дело – Златна плакета на истакнати граѓани на општина Прилеп кои дале особен придонес во македонската современа истражувачка, научна и општествена дејност, како и на седум истакнати дејци од книжевната и преведувачката дејност, образованието, воздухопловството и фризерскиот занает и спортот.

Плакети беа доделени и на неколку здруженија и локални компании меѓу кои и на Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп, за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права.

Чест и задоволство, но и уште поголема одговорност е добивањето на едно вакво признание од општината во која работи и делува Станица П.Е.Т., како и поттик за уште поголема ангажираност во иднина.

Станица П.Е.Т. ја посветува наградата на целиот тим на правници, параправници, промотори во заедницата и сите активисти кои секојдневно се залагаат за приближување на правдата поблиску до сите.

Similar Posts

  • Онлајн обука за Промоција на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и КСЗД

    Во периодот од 01-03 септември 2021 година, се одржа активноста: „Промоција на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и КСЗД во соработка со Мрежата за заштита од дискриминација“, насловена како: „Што и колку знаеме за дискриминацијата“. Целта на активноста беше учесниците да се запознаат со основните поими на дискриминацијата, новиот Закон за спречување и заштита од…

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на надворешен консултант – советник за вработување

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за избор на надворешен консултант – советник за вработување Овој повик има за цел избор на надворешен консултант – советник за вработување, кој ќе…

  • Учество на обука за застапување против семејното насилство

    Правилното информирање на јавноста за природата на семејното насилство и фактичката состојба на жените што претрепеле семејно насилство, како и законските механизми за заштита придонесува за зголемување на општетвената поддршка и охрабување на жените да го пријават насилството и побараат помош и поддршка. Во периодот 2-3 октомври се одржа Обука за етичко, професионално и законско…

  • Завршна конференција – Проект: „Пристап до правда за најмаргинализираните“

    На 27 јуни 2023 година, се одржа завршна конференција со која успешно беше заокружен проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ кој се спроведува од јануари 2022 година и завршува во јули 2023. Воведни обраќања на настанот имаа г-н Константин Јовановски, програмски офицер при Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, г-а Весна Наковска, раководителка на одделението за бесплатна…

  • Јавен оглас за ангажирање на експерт за подготовка на физибилити студија

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се реализира со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на експерт од областа на енергетика за подготовка на Физибилити студија за утврдување на потенцијалот на с. Ропотово и…

  • Инфографик – Интерсекциска дискриминација во пристапот до јавни добра и услуги во Прилеп

    Во текот на месец декември, Здружение Станица П.Е.Т. подготви инфографик со детален пример за Интерсекциска дискриминација во пристапот до јавни добра и услуги во Прилеп во кој на еден креативен начин е образложен вистински настан кој ја отсликува дискриминацијата од страна на приватни правни лица. Во рамките на инфографикот се дадени информации за поднесената претставка во Комисијата за спречување и…