Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. подготви Комуникациска стратегија чија главна цел е подобрување на видливоста и транспарентноста во работата пред целните групи, крајните корисници и останатите засегнати страни.


Комуникациската стратегија на СТАНИЦА П.Е.Т. оди во насока на остварување на
стратешките цели на Здружението и треба да помогне во зајакнувањето на севкупните
капацитети. Документот претставува рамка за планирано и ефикасно спроведување на
целите на комуникациската стратегија, како и основа за подготовка на детални
програми за спроведување на комуникациските активности. Преку комуникациската стратегија се нудат серија специфични комуникациски активности за подобрување на двостраната комуникација на
СТАНИЦА П.Е.Т. со целните групи и крајните корисници. Нејзината намена
е воспоставување одржлив систем на комуникација со сите засегнати страни при
пренесувањето на информациите.
Главните цели кои се очекува да ги оствари комуникациската стратегија се:
– Препознатливост и видливост на Здружението и
– Утврдување начини на комуникација со надворешни фактори.
Главната цел на проектот „Транспарентно делување за отчетно однесување“ е зајакнување на организациските капацитети за јасна и отворена комуникација со засегнатите страни и подобрување на организациските практики за транспарентно известување за постигнувањата и резултатите.
Комплетната верзија на Комуникациската стратегија можете да ја најдете на следниот линк.