Инфо сесија: Законски измени во врска со детските бракови

На ден 18.09.2019 година се одржа информативна средба на тема: „Дали промената на теоријата ќе ја промени и праксата?“ со фокус на законските измени во Кривичниот закон и Законот за основно образование кои се однесуваат на регулирање на појавата од детски бракови. На информативната средба беа присутни 40тина лица од кои претставници на стручните служби од повеќе основни и средни училишта, полициска служба, Центар за социјални работи, здравствени установи, граѓански организации, медиуми, промотори во заедницата и засегнати граѓани.

Заклучок:

  • Измените на Кривичниот законик се однесуваат на член 197 според кој ќе се казни секое полнолетно лице кое живее со малолетно лице кое навршило 14 а не навршило 18 години.
  • Законот за основното образование, со кој се направија измени во член 97 и тоа во делот на содржината на збирката на податоци, со тоа што ќе се води евиденција на учениците кои го напуштиле образовниот процес и причината за напуштањето.
  • Се очекува измени да се случиат и во Законот за средно образование и Законот за семејство во делот на забрана на вонбрачна заедница со малолетник, за да се оформи еден успешен систем за рано откривање и спречување на детски бракови.
  • Регистриран првиот случај по измените на Кривичниот законик, 16 годишна девојка која сакала да оформи вонбрачна заедница, од страна на надлежната институција, по пријава била вратена кај своето семејство.
  • Потребно е да работи на зголемување на свеста кај населението за измените и последиците од истите.

Similar Posts

  • Едукативен караван „Правдата не е привилегија“

    „Граѓаните имаат потреба да се консултираат и побараат совет за нивните права од социјална заштита, лична документација, здравствена заштита, и тие имаат право тоа да го добијат во нивната заедница, затоа што #Правдата не е привилегија“. Едукативниот караван „Правдата не е привилегија“ во изминатиот период патуваше низ 10 населени места од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени,…

  • Модата, отпадот и нашите избори: младите учеа за одржлива мода и управување со текстилен отпад

    Денес во просториите на СТАНИЦА ПЕТ се одржа едукативната работилница „Модата, отпадот и нашите избори“, организирана во соработка со Тексомак – колективен постапувач со текстилен отпад. На настанот учествуваа 20 млади лица заинтересирани да научат повеќе за влијанието на модната индустрија врз животната средина и за начините на кои секој од нас може да придонесе…

  • Интер-религиски инфо караван

    Во периодот 20-24 ноември Здружение СТАНИЦА ПЕТ во рамки на Програмата за верски слободи на Западен Балкан спроведувана од Националниот Демократски Институт, реализираше Интер-религиски инфо караван во Општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Со караванот беа опфатени околу 150 граѓани од 6 населени места во овие општини, со кои беа споделени промотивни материјали и пораки за развој и…

  • „Различностите што не поврзуваат“ – изложба на уметнички творби

    На 10 ноември 2022 година, во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше поставена изложба на уметнички творби насловена: „Различностите што не поврзуваат“. Изложбата беше организирана како завршна активност од проектот: „Организирање на заедницата за зголемена меѓу-религиска комуникација и толеранција“, кој во изминатиот период го спроведуваше Здружение Станица П.Е.Т. На изложбата беа претставени 20ина…

  • Големите победи на обичниот човек – успешни приказни од нашата работа

    Во рамки на нашата секојдневна правна и праправна асистенција, освен што решаваме редовни правни и административни проблеми со кои се соочуваат граѓаните, наидуваме и на исклучително комплексни случаи, каде граѓаните со години биле заглавени низ институционалните лавиринти, без можност да ги остварат своите права. Правдата иако понекогаш знае да биде бавна, сепак не е недостижна….

  • Средба за зајакнување на мултисекторската соработка на локално ниво

    На ден 12.02.2024 година во просториите на Станица ПЕТ се одржа средба за зајакнување на мултисекторската соработка помеѓу институциите на локално ниво за подобрување на пристапот и услугите кон осудените лица, поранешно осудени лица и лица спрема кои се извршуваат пробациски работи. На средбата се дискутираше за евентуални пречки во ресоцијализацијата и реинтеграцијата на осудените лица…