Отворен ден во СТАНИЦА П.Е.Т. – Запознај не и приклучи се

На ден 01.03.2019 година во канцеларијата на здружението се реализираше отворен ден со цел запознавање на граѓаните на општина Прилеп со работата, активностите и локацијата на здружението, како место каде сите граѓани можат да се обратат за совети и првана едукација, а институциите за посредување при нудење услуги кон граѓаните.

Во текот на денот 30тина лица меѓу кои и претставници од локални јавни установи и институции, медиуми, здравствени установи и граѓани од различни делови на општина Прилеп ја посетија канцеларијата и продискутираа со тимот за работата на здружението, најновите законски измени кои се поврзани со социјалната и здравствената заштита и за потенцијална соработка во иднина во реалзирање на заеднички активности.

Од сите присутни беше истакната потребата од услугите кои ги нуди здружението како и за граѓаните, така и за институциите, посредувањето во комуникацијата и спроведувањето на постапките, а особено во идентификувањето на системски пречки во реализацијата на правата, кои институциите поради обемот на своите обврски, често не се во можност да ги идентификуваат.

Similar Posts