Телефонска линија #ПрашајЗдравственПромотор за помош и поддршка на граѓаните за права од здравствена заштита, како и асистенција за пристапување до здравствена заштита и услуги поврзани со КОВИД-19 за маргинализирани групи на граѓани.

Имате прашања и нејаснотии во врска со остварувањето на вашите здравствени права? Ви треба помош околу начинот на пристапување до здравствена заштита поврзана со КОВИД-19? Нашите здравствени промотори се достапни за совет и упатство во секое време на:
☎️ 048/620-900 – секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот или
📲 075/377-317 во секое време.

*Поддршката на нашите здравствени промотори се однесува исклучиво на здравствените права и пристапот до зравствена заштита како системски прашања, а никако не е замена за здравствени или фармацевтски совети и консултации.

Similar Posts

  • Практичен водич за остварување права

    Знаеш ли кои права ти припаѓаат и каде да се обратиш за да ги оствариш? Пристапот до социјална и здравствена заштита, лична документација и статусни права е основа за достоинствен и сигурен живот. Сепак, процедурите, институциите, потребните документи и условите за остварување на одредено право често можат да бидат сложени и тешко разбирливи. Токму затоа…

  • ПАПКА ЗА ДОКУМЕНТИ (2019)

    Едукацијата се прави и на улица, на кафе кај пријателите, низ муабет со комшиите… Активизмот не е работа, тоа е начин на живот! Во периодот мај-јуни 2019, нашите Промотори во заедницата беа активни во неформална едукација на населението за постапката за остварување на правото на здравствено осигурување на лица кои штотуку наполниле 18 години, преку…

  • Безбедна мајка – безбедно дете – здрава иднина

    Втората информативна содржина – „Безбедна мајка, безбедно дете – здрава иднина“, ја истакнува пораката дека безбедна мајка значи сигурно дете и ги охрабрува жените да побараат поддршка, нагласувајќи дека насилството не е нивна вина. **Оваа активност е дел од проектот „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка за жени и деца“ кој го…

  • Дивите депонии не исчезнуваат сами од себе – нивното чистење го плаќаме сите.

    Дивите депонии не исчезнуваат сами од себе – нивното чистење го плаќаме сите. Во инфографикот погледнете колку депонии биле исчистени во Општина Прилеп во 2024 и 2025 година од страна на ЈКП Комуналец Прилеп, колкава количина отпад била отстранета и колку средства биле потрошени. Отпадот има свое место. Со одговорно одлагање на отпадот придонесуваме за…

  • ЧАДОР (2022)

    Промотивен материјал – чадор. Точна информација – успешно лекување!Во периодот октомври-ноември, 2022 година, беше подготвен и дистрибуиран промотивен материјал со порака за важноста од споделување на навремени и точни информации со пациентите, како клучен фактор кој води кон успешен процес на лекување и заштита на правата на пациентите.Пораката произлезе од работата на нашите здравствени промотори…