Ова не е честитка за 8ми Март

Трета информативна содржина – „Ова не е честитка за 8 Март – ова е потсетник за жртвите кои повеќе не се меѓу нас“, беше објавен по повод Меѓународниот ден на жената и имаше за цел да ја насочи јавноста кон сериозноста на родово базираното насилство и фемицидот. Преку емотивна и директна порака се потенцираше потребата од навремена реакција, институционална заштита и општествена одговорност.


**Оваа активност е дел од проектот „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка за жени и деца“ кој го спроведува Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство II“ финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) како дел од Меѓународни Партнерства Австрија (International Partnerships Austria), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Similar Posts

  • Информативен флаер – услуги на психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство

    Информативен флаер кој се однесува на обезбедување психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. Главната порака е дека жртвите не се сами и дека поддршката е лесно достапна. Исто така, флаерот нагласува дека поддршката е бесплатна, доверлива и стручна, и ги охрабрува жртвите да побараат помош. Покрај тоа, флаерот…

  • ТОРБА (2021)

    Промоција на Мобилната канцеларија за параправна помош во општините Прилеп (за Мариовскиот регион), Кривогаштани и Долнени. Мобилната канцеларија за параправна помош претставува место каде граѓаните од овие региони ќе можат да се обратат за правна консултација, совет, пополнување на документи, комплетирање на документација за остварување на некое право од социјална, здравствена заштита, земјоделска дејност, работни…

  • ТОРБА (2021)

    Промотивен материјал – торба за промоција на услугата „Прашај здравствен промотор“ и едукација како правилно да се користат маски за заштита од Ковид-19. Во рамките на оваа активност, здравствените промотори ја промовираа услугата „Прашај здравствен промотор“ која е активна од почетокот на годината, а има за цел давање помош и поддршка на граѓаните за остварување на права поврзани…

  • Демнење – не е внимание. Тоа е насилство!

    Демнењето не е внимание. Не е љубов. Не е грижа. Тоа е НАСИЛСТВО. Следење во живо и на социјални мрежи, проверување каде си и несакан контакт по раскинување – се форми на демнење. Имаш право на безбедност. Побарај помош. Пријави. **Оваа активност е дел од проектот „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка…

  • Колку средства се издвојуваат за животна средина во Општина Прилеп и за која намена?

    Колку средства се издвојуваат за животна средина во Општина Прилеп и за која намена? *Информативниот материјал е подготвен во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена…

  • Дигиталното насилство е кривично дело

    „Ќе ја пратам само на еден човек.“ „Ќе ја објавам ако не ме послушаш.“ „Само се шегував.“ Не. Ова не е шега. Споделување интимни фотографии или видеа без согласност, закани за нивно објавување и креирање лажна интимна содржина се форми на родово базирано дигитално насилство и се казниви со закон. Ниту една фотографија не е…