„Ќе ја пратам само на еден човек.“
„Ќе ја објавам ако не ме послушаш.“
„Само се шегував.“
Не. Ова не е шега.
Споделување интимни фотографии или видеа без согласност, закани за нивно објавување и креирање лажна интимна содржина се форми на родово базирано дигитално насилство и се казниви со закон.
Ниту една фотографија не е дозвола за насилство.
Ниту една жртва не е виновна.
Ако си жртва – зборувај, побарај поддршка и пријави.

**Оваа активност е дел од проектот „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка за жени и деца“ кој го спроведува Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство II“ финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) како дел од Меѓународни Партнерства Австрија (International Partnerships Austria), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.