Ден на добри дела  2025

На ден 07.04.2025 година, како дел од Светскиот ден на добри дела 2025, се одржа Волонтерска еколошка акција во околината на Прилепското езеро во Прилеп.


Активноста се реализираше со поддршка на 20 волонтери ученици од ООУ „Добре Јованоски“ и средношколци од младинските клубови на Здружение Станица ПЕТ, кои заеднички ја чистеа околината на Прилепското езеро и собираа цврст отпад, при што покажаа дека духот на волонтерството е сеуште помеѓу нас, но треба да се негува и истакнува, со што би живееле во една подобра и похармонична заедница.

Денот на добри дела е меѓународен ден на волонтирање. Почнувајќи од 2007 година, неговата мисија е да ги обедини луѓето од целиот свет во правење добри дела за другите и за планетата. Целта на настанот е младите да учат за волонтерството и да бидат вклучени во волонтерски активности за доброто на целата заедница.

Нашето здружение минатата година за прв пат се приклучи кон глобалното движење „Ден на добри дела“, којшто претставува Меѓународен ден на волонтирање. Годинава Денот на добри дела е 6ти април, а на ниво на државата ќе се организираат различни настани и работилници, организирани од Младински културен центар Битола.

#gooddeedsday

#деннадобридела

#mkcbitola

@MkcBitola

@Gooddeddsday

Similar Posts

  • Креативна акција: „Пинокио во градинка, децата дома“

    Денес се одржа Креативна акција: „Пинокио во градинка, децата дома“, во која јунаците од приказните  и цртаните филмови помагаат на прилепчани во нивните напори да проработи градинката во населбата Точила.  Креативната акција беше поставена пред градинката во населба Точила, која сеуште „чека“ на свечен прием и отворање. Преку овој настан, на кој во вид на изложба се…

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство Овој повик има за цел избор на позната личност (инфлуенсер/ка)…

  • Втора средба на мултисекторски тим за спречување и заштита од родово-базирано и семејно насилство

    Во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, на 27 август 2025 година се одржа втората средба на мултисекторскиот тим во организација на Здружение Станица ПЕТ. Целта на оваа средба беше: На средбата се дискутираа конкретни случаи на родово базирано и семејно насилство и беа идентификувани сериозни системски предизвици:…

  • Прва средба и работилница на Советот во заедницата

    На 13.07.2021 година, Советот на заедницата на Станица П.Е.Т. организираше прва средба, на која учество зедоа претставниците на Советот и промоторите во заедницата. Средбата се одржа во Клуб П.Е.Т. – социјално претпријатие во рамки на Здружение Станица П.Е.Т. Активноста е дел од проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. ја зголемува транспарентноста преку објавување на Ревизорски извештај за 2019 година

    Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., во соработка со овластена Ревизорска куќа подготви Ревизорски извештај за 2019 година кој има за цел подобрување на организациските практики за транспарентно известување за постигнувањата и резултатите на здружението. Ревизорскиот извештај беше изработен во текот на месец октомври 2020 година чија…

  • Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош

    Во изминатиот период, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. од Прилеп подготви Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош (Прилеп – Мариовски регион, Кривогаштани и Долнени). Од истражувањето произлезе инфографик каде се сумирани собраните податоци од граѓаните кои наголемо ја истакнуваат потребата од воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош во општините…