На 31 октомври, во организација на Strategic Management Systems – SMS во Битола се одржа промотивен настан „Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања – искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации“.
На настанот свое излагање имаше Маја Петанческа, проектен координатор во СТАНИЦА ПЕТ која го презентираше искуството од мониторингот на изборните ветувања на политичките партии и мобилизирањето на заедницата за барање отчет и исполнување на ветеното, како дел од проектот „Поддршка на изборните реформи во Република Северна Македонија“ поддржан од Швајцарската Агенција за Меѓународен Развој и имплементиран од Меѓународната Фондација за Изборни Системи (IFES).



Во излагањето, Маја се фокусираше на главните цели на иницијативата, долгорочното влијание на ефектите од проектните активности, понтамошното дејствување и мониторинг на предизборните ветувања на локалната власт, како и преземање на идни чекори за реализација на предвидените цели.


