Собранието итно да избере членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието на РСМ итно да спроведе постапка за избор на два члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Јавниот оглас беше објавен на 15 февруари и траеше до 15 март 2023. Согласно член 18 став 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата за избор и именување на Собранието во рок од 14 дена по истекот на рокот на огласот треба да достави утврдена предлог – листа на кандидати до Собранието. Комисијата за избор и именување треба да организира јавна расправа по пријавените кандидати на која треба да ги повика сите заинтересирани чинители, а особено здруженијата на граѓани кои работат во областа на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата.  Во таа насока, Комисијата за избор и именување веќе доцни, односно не ги почитува роковите од членот 18 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Ја користиме оваа прилика да апелираме изборот да се изврши по заслуги, да се изберат стручни и независни експерти како членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Исто така, потсетуваме дека членовите мора да имаат минимум седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои пет во областа на еднаквост и недискриминација (член 17 од Законот за спречување и заштита од дискриминација). Потсетуваме дека избор на членови кои не ги исполнуваат критериумите, односно по партиски клуч, ја загрозува и анулира улогата на Комисијата, нејзината независност гарантирана со закон, директно влијае на (не)довербата на граѓаните во институцијата и доведува до несоодветно спроведување на Законот, со што се спречува процесот на унапредување на еднаквоста во општеството. Од друга страна, потсетуваме за недостатокот на родова еднаквост помеѓу членовите на Комисијата, само една жена наспроти четири мажи. Исто така, потенцираме дека во претходните постапки за избор на членови на КСЗД аплицираа повеќе жени и припадници на маргинализирани групи кои ги исполнуваа законските критериуми, но не беа избрани за членови. Оттука, овие две места треба да се пополнат со жени и/или жени од маргинализирани групи, доколку помеѓу кандидатите има лица со овие карактеристики кои ги исполнуваат условите за стручност и независност.

Собранието треба да избере два члена на Комсијата за спречување и заштита од дискриминација, за да ги пополни позициите кои долго време се празни, поради што институцијата работи со недоволно капацитети за да ги оствари законските надлежности. Сметаме дека одолговлекувањето на изборот на членови на Комисијата претставува неодговорно делување од страна на Собранието и пратениците, бидејќи на ваков начин не се почитуваат законите кои самото Собрание ги носи и се оневозможува целосно функционирање на институцијата, како што и индиректно влијаат врз остварувањето на човековите права и слободи на граѓаните.

Потсетуваме и на забелешките и препораките од Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија за 2022 година, во кој се истакна дека Собранието не успеало да ги пополни празните места во Комисијата и дека проблемите со финансиските и човечките капацитети на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација треба приоритетно да се надминат.

Скопје, 6.4.2023

Лице за контакт: Драгана Дрндаревска [email protected] 078200675

Similar Posts

  • Спроведени три едукативни работилници на тема: „Родови нееднаквости – стереотипи, предрасуди и дискриминација“

    Во периодот февруари – април беа одржани вториот сет од три едукативни работилници во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, на кои присуствуваа вкупно 47 учесници. Темата на работилниците беше „Стереотипи, родови стереотипи, предрасуди и дискриминација“, со фокус на препознавање на овие појави и нивното влијание врз поединците и заедницата. Целта на работилниците беше да се…

  • Летен тренинг: Дисеминација на пораки

    Во периодот 5-7 јули, 2019 година во Охрид се одржа летен тренинг на тема: “Дисеминација на пораки”, во соработка со Радио „Пела“. На тренингот учествуваа промоторите во заедницата, кои се едуцираа, вежбаа и истовремено градеа меѓусебна доверба зa пренесување на пораки од индивидуални и колективни интереси. Првиот ден беше резервиран за презентирање на теоретскиот дел за пренесување…

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на два експерти за дизајнирање и водење на „Школата за родова еднаквост“

    Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп како носител на Проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“,  кој е финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас што се спроведува во партнерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ – Прилеп и Мултиетничко здружение за сите…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативни обуки за Борба против корупција

    Во изминатиот период, СТАНИЦА П.Е.Т. организираше две едукативни обуки за Борба против корупција на кои граѓаните имаа можност да стекнат знаења поврзани со препознавање и пријавување на корупција и судир на интереси.  Обуките за препознавање и пријавување на корупција се одржаа во рамките на проектот: „Правна едукација за борба против корупција“, имплементиран од СТАНИЦА П.Е.Т., а е финансиран…

  • Прирачник за правно зајакнување и инклузивна иновација: Како се развиваше идејата за Клуб П.Е.Т.?

    “…Станица ПЕТ ја истакнува важноста колку е клучно да се вклучат сите потенцијално засегнати страни во текот на целиот процес на развивање на идејата за социјално претпријатие, а особено заедницата со која работи организацијата. Ко-развојот и тестирањето на идејата беше долго патување, но големи се можностите што ги отвори социјалното претпријатие за генерирање флексибилни приходи кои…

  • Интер-религиска школа за комуникации – чекор кон подобра толеранција и разбирање!

    Во периодот 08.06.2022 – 14.07.2022, во текот на шест работни денови, во просториите на Клуб ПЕТ се одржа Интер-религиска школа за комуникации, на која учество зедоа вкупно 17 претставници од 4 здруженија на граѓани и 3 религиозни групи. Интер-религиска школа за комуникации Во рамки на школата, учесниците се стекнаа со знаења и вештини на четири…