На 30.11.2021 година во Белград, се одржа конференција Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?”, на која учествуваа претставници на Европската Унија, релевантни институции, невладини организации и медиуми од регионот, кои дискутираа за главните проблеми со системите за јавни набавки во државите од Западен Балкан.


Весна Шапкоски од СТАНИЦА П.Е.Т. имаше свое излагање во рамки на третиот панел од конференцијата на тема „Успешни примери од мониторингот на јавните набавки од страна на ГОи на локално ниво” каде го презентираше искуството од следењето и актуелизирањето на јавните набавки во здравството во Општина Прилеп.


Презентацијата на Извештајот за компаративна евалуација кој ги опфаќа резултатите од двегодишното истражување, беше проследена со продуктивна и возбудлива дискусија за клучните предизвици – зголемување на нивото на конкуренција, завршување со практика на неказнивост на одговорните и воспоставување на соодветен ефикасен и ефективен контролен систем кој ќе го покрие целиот циклус на јавни набавки, особено извршувањето на договорите.
Конференцијата се реализираше во рамки на проектот Balkan Tender Watch.