Во изминатиот период, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. изработи мапи на дивите депонии во општина Кривогаштани и ромската заедница во општина Прилеп, со цел обележување и идентификување на проблемот со дивите депонии, што претставува прв чекор кон нивно решавање. Активноста се спроведе преку теренско идентификување на диви депонии во соработка со граѓаните од ромската заедница во општина Прилеп и граѓаните од општина Кривогаштани.


Во рамките на активноста беа подготвени две мапи на диви депонии во ромската заедница во општина Прилеп и општина Кривогаштани. Така, беа идентификувани четири локации на диви депонии во општина Прилеп и тоа: во нас. Три багреми, Дебарца, Покрај касарни и м.в. Кај Крстот. Во општина Кривогаштани, граѓаните ја идентификуваа дивата депонија во близина на с. Кривогаштани (м.в. Ливадски пат).


Преку креирањето на мапи на диви депонии во ромската заедница во општина Прилеп и руралните места на општина Кривогаштани, ќе се влијае на идентификување на дивите депонии кои ја загрозуваат животната средина, што претставува иницијален чекор кон овозможувањето на климатска правда за таргетираните граѓани. Со мапирањето беа дадени и конкретни предлог решенија за надминување на проблемите со дивите депонии, а се однесуваат на предвидување на регуларна депонија по стандарди кои ги задоволуваат критериумите за заштита на животната средина.
Активноста: Креирање на Мапа на диви депонии во ромската заедница во Прилеп и во општина Кривогаштани се спроведе како дел од проектот: „Климатска правда за маргинализираните граѓани“, а со поддршка на Фондација Отворено општество Македонија.