Претставници на СТАНИЦА П.Е.Т. зедоа учество на практична програма за правно зајакнување

Во периодот 23-30 ноември, четворица претставници на СТАНИЦА П.Е.Т. зедоа учество на Практичната програма за правно зајакнување, во организација на Украинската практична школа за пристап до правда.

Во рамки на оваа програма заедно со уште 4 други тимови од Полска/Украина, Киргистан, Кенија и Северна Македонија се развиваа идеи за воведување на иновативни решенија во работата на правно зајакнување на заедниците. Воедно, учесниците имаа можност да споделат искуства и да стекнат практични знаења кои ќе продолжат да ја унапредуваат работата на СТАНИЦА П.Е.Т.

За време на програмата, тимот на Станица П.Е.Т. го покрена прашањето за недостаток на правна помош во руралните средини со цел да се донесе пристапот до правда поблиску до маргинализираните групи на граѓани при што беше предложено да се создаде мобилна канцеларија за вонредни социјални работници, правници и психолози кои ќе доаѓаат во руралните средини во одредени денови од неделата. По презентацијата, учесниците дискутираа за предложениот модел за решавање на проблемот, нагласувајќи ја важноста од учеството во вакви активности на локалните активисти.

Со програмата беа опфатени уште неколку иницијативи од Северна Македонија, Полска/Украина, Киргистан и Кенија а се поврзани со: обезбедување на помош и поддршка на жртвите на семејно и родово насилство преку бесплатна правна помош и создавање на мрежа на правни советници кои ќе им помагаат на оваа категорија на граѓани (Киргистан), кампања за застапување на граѓаните со ниски примања на кои им се блокираат сметките на кои што тие примаат социјална парична помош, со што тие се наоѓаат на работ на сиромаштијата и без ресурси за нормален живот и егзистенција (тим од Северна Македонија); меѓународна платформа за комуникација (веб-портал) за студенти и корисници на услугите на правните клиники во Украина и Полска која ќе им овозможи на Украинците кои живеат во Полска и на Полјаците кои живеат во Украина да добијат правна помош за даночни прашања, семејни спорови, миграција и сл. што од друга страна ќе им овозможи на студентите да споделат искуства и да вежбаат под водство на искусни правници од правните клиники; веб платформа за алтернативно решавање на спорови преку интернет каде корисниците ќе можат да го решат конфликтот преку видео конференција со поддршка од искусни медијатори (Кенија).

Инаку, KyivLEPP е практична програма за зајакнување на правниот капацитет, инкубатор на иновативни идеи во областа на пристап до правда во Украина и светот.

Similar Posts

  • Јавна дискусија: „Анти-корупција во здравството низ призмата на теренската работа“

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. од Прилеп на 27.10.2020 година, во х. Кристал Палас организираше јавна дискусија во рамките на проектот: „Анти-корупција во здравството низ призмата на теренската работа“, кој се спроведува во периодот ноември 2019 – октомври 2020 година, а главната цел е сензибилизирање на јавните здравствени установи за поголема отчетност и…

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на учесници за „Школата за родова еднаквост“

    Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп како носител на Проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“,  кој е финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас што се спроведува во партнерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ – Прилеп и Мултиетничко здружение за сите…

  • „Различностите што не поврзуваат“ – изложба на уметнички творби

    На 10 ноември 2022 година, во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше поставена изложба на уметнички творби насловена: „Различностите што не поврзуваат“. Изложбата беше организирана како завршна активност од проектот: „Организирање на заедницата за зголемена меѓу-религиска комуникација и толеранција“, кој во изминатиот период го спроведуваше Здружение Станица П.Е.Т. На изложбата беа претставени 20ина…

  • Реакција на граѓанските организации – „Да се стави крај на профитерството во време на животно-загрозувачка криза“

    Бараме Државата да воспостави регулативна рамка за утврдување на лекувањето поврзано со COVID-19 кое граѓаните го покриваат со лични средства во приватните здравствени установи, по примерот на определениот максимален износ за плаќање на учество со лични средства (партиципација) во јавното здравство во согласност со Ценовникот на здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување. Предлагаме Фондот…

  • Средба на мултисекторски тим за спречување и заштита од родово-базирано и семејно насилство

    Во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, на 3 јуни 2025 година се одржа средба на мултисекторскиот тим во организација на Здружение Станица ПЕТ. Целта на оваа средба беше унапредување на мултисекторската соработка меѓу надлежните институции кои се вклучени во спречување и заштита од насилство врз жените и…

  • Обука за еко амбасадори: Локалните активисти – чекор поблиску до позелена иднина

    Во периодот од 10, 13 и 17 октомври 2025 година се одржа тридневна обука за локални активисти – еко амбасадори, во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“. Оваа обука беше прв и клучен чекор во креирање мрежа на локални еко амбасадори, кои ќе делуваат како…