Весна Шапкоски од СТАНИЦА П.Е.Т. е една од добитниците на наградата на Курсот за правно зајакнување 2019

Секоја година, во изминатите 5 години, Намати и Mрежата за правно зајакнување соработуваат со партнери за водење на Kурсот за лидерско правно зајакнување на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Целта на еднонеделниот курс е усовршување на глобален кадар на лидери кои се посветени на правно зајакнување кои споделуваат заедничко разбирање во оваа област, вклучително и историја, методологија и докази.

Курсот е дизајниран да развие дискусија и да им обезбеди на учесниците практични знаења за да ја унапредат својата работа во областа на правното зајакнување. Ова вклучува сесии за стекнување практични вештини на теми како: мапирање на моќ, педагогија за правно образование во заедницата и користење на податоци за случаи за застапување.

За таа цел, секој учесник е должен да изготви детален план за работа заснован на сесиите кои се дел од курсот, за што добива и дневни повратни информации од неговите колеги. Во 2018 година се воведоа и награди за најдобри работни планови за учесници. На организациските планови за работа што добиваат најмногу гласови од факултет и од другите учесници им се доделуваат 5.000 УСД за да ги поддржат во нивното спроведување.

Намати и Мрежата за правно зајакнување, ја споделија листата со добитници на наградите за 2019 година, при што како една од добитниците на наградата беше избрана и извршната директорка на СТАНИЦА П.Е.Т. – Весна Шапкоски за работниот план за воведување и имплементација на телефонска и онлајн услуга Повикај итна параправна помош наменета за лицата од ромската и руралните заедници. Работниот план се фокусира на подобрување на пристапот до правда и параправна помош за граѓаните кои припаѓаат на некои од маргинализираните групи во Северна Македонија, како што се: луѓе кои живеат во руралните области, семејства во социјален ризик и поранешни затвореници.

Како дел од добитниците кои се најдоа на листата на наградени се и претставници од граѓанскиот сектор од Тајланд, Кенија, Монголија, Сиера Леоне и Непал кои развија работни планови за правно зајакнување на работници, жени и мајки затвореници, лица со посебни потреби и сл.

Повеќе информации можете да прочитате на следниот линк.

Similar Posts

  • ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „ЕКО ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ПРИЛЕП“ ЗА ТРЕТИОТ #ЗЕЛЕНПЕТОК

    Во рамки на иницијативата #ЗеленПеток, се одржа ликовната изложба „Еко перспективи за Прилеп“, како дел од третата по ред месечна акција #ЗеленПеток, посветена на подигнување на еколошката свест и поттикнување активен дијалог во заедницата. Изложбата ги претстави уметничките изработки на млади учесници од Прилеп, создадени за време на едукативна ликовна работилница реализирана во ноември 2025…

  • Едукативна школа за социјално и бизнис претприемништво

    Во периодот 30-31 октомври во хотел Монтана, Крушево се одржа Едукативна школа за социјално и бизнис претприемништво со цел постигнување на зголемена свесност кај младите и информираност за можностите кои ги нудат социјалното и бизнис претприемништво. На едукативната школа беа присутни 20 млади од општина Долнени кои ги зголемија своите знаења за клучните аспекти и предуслови за започнување и…

  • Одржани три форуми во заедницата за недостатокот на детски градинки во општина Прилеп

    Во периодот ноември-декември 2022 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. организираше три форуми во заедницата каде граѓаните дискутираа за решавање на проблемот со недостатокот на детски градинки во општина Прилеп. Форумите се организираа во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година. Првиот форум…

  • #Зелен Петок 7: Нашата акција, нашата природа, наша одговорност!

    Здружението СТАНИЦА ПЕТ во соработка со ЈКП Комуналец – Прилеп организираше акција за чистење на јавна површина кај Вештачкото езеро – Излетнички ливади. Преку иницијативата „Зелен петок“ поттикнуваме поголема грижа за животната средина, заедничка одговорност и активно учество на граѓаните во зачувувањето на јавните простори. Целта на акцијата беше чистење на јавна површина и подигнување…

  • „Различностите што не поврзуваат“ – изложба на уметнички творби

    На 10 ноември 2022 година, во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше поставена изложба на уметнички творби насловена: „Различностите што не поврзуваат“. Изложбата беше организирана како завршна активност од проектот: „Организирање на заедницата за зголемена меѓу-религиска комуникација и толеранција“, кој во изминатиот период го спроведуваше Здружение Станица П.Е.Т. На изложбата беа претставени 20ина…

  • Обука за еко амбасадори: Локалните активисти – чекор поблиску до позелена иднина

    Во периодот од 10, 13 и 17 октомври 2025 година се одржа тридневна обука за локални активисти – еко амбасадори, во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“. Оваа обука беше прв и клучен чекор во креирање мрежа на локални еко амбасадори, кои ќе делуваат како…