Промотивен материјал – торба за промоција на услугата „Прашај здравствен промотор“ и едукација како правилно да се користат маски за заштита од Ковид-19.
Во рамките на оваа активност, здравствените промотори ја промовираа услугата „Прашај здравствен промотор“ која е активна од почетокот на годината, а има за цел давање помош и поддршка на граѓаните за остварување на права поврзани со здравствена заштита. За оваа услуга 24/7 се активни два телефонски броеви на здружението.
Исто така, промоторите во заедницата дополнително ги едуцираа граѓаните за начинот на користење на маските со што на креативен начин активно се вклучија во одржување на свеста на граѓаните за почитување на мерките за заштита и превенција од Ковид-19.


